14.8 C
Скопје
19:52 - 3 мај, 2024

Земјиштето кај Расадник приватно, Општината успеа да „избрише“ само неколку згради

Во петокот заврши повторната јавна анкета за предлог ДУП за Расадник, до кога граѓаните имаа можност да ги изнесат своите забелешки за планот, а неделава се очекува од Општина Кисела Вода да соопштат што е тоа за кое се поднесени највеќе забелешки.

Од реакциите на жителите од Општината по социјалните мрежи може да се заклучи дека тие пред сѐ се против изградбата на стотината згради предвидени на тој простор. Граѓаните сметаат дека со тоа ќе се наруши хуманото живеење, дека ќе се оптовари постоечката инфраструктура и ќе се направи сообраќаен хаос, особено во периодите кога луѓето одат и се враќаат од работа. Покрај тоа, тие бараат и повеќе зелени површини.

ДУП за Расадник се простира на стотина хектари и по површината е најголем во Скопје. Откако ќе се изградат објектите во него би требало да се населат околу осум илјади граѓани. Во новиот предложен план се избришани три згради, кои биле зацртани во претходниот, затоа што биле планирани врз траса на далекувод. Останатите згради што ги предвидува предложениот ДУП се со височина од 6 до 13 ката.

Најголем проблем со земјиштето кое го опфаќа овој  ДУП е што поголемиот дел е во приватна сопственост и Општината има „заврзани раце“ за поголема интервенција. Државното земјиште пак, според градоначалникот Филип Темелковски е предвидено за зелени површини, за изградба на паркиралишта, а на него ќе се градат и училиште и градинка.

Во изјава за медиуми Темелковски тврди дека во новиот предлог ДУП зголемени се површините за зеленило за 20 проценти, а вкупната изградена површина е намалена за околу 200 илјади квадрати. Тој нагласи дека станува збор за приватни земјишта чии сопственици ги поседуваат речиси три децении, па и доколку дојде до промени, тие нема да бидат драстични.

ДУП за Расадник годинава повторно се најде на јавна анкета поради одредени усогласувања со Генералниот урбанистички план. Претходната јавна анкета се спроведе во ноември минатата година, кога граѓаните до Општината поднесоа 119 анкетни листови во кои беа изнесени забелешки главно за густината на населеноста и недостатокот од паркинзи. Анкетни листови тогаш поднесоа и приватните сопственици кои побараа зголемување на бруто развиената површина за градба на своите парцели, додека околу 200 граѓани потпишаа и поднесоа петиција за четири парцели од стариот дел на Расадник каде е предвидена  изградба на згради, а таму се наоѓа еден стар неуреден парк.

Останува да се види какви забелешки на Планот упатиле годинава граѓаните и дали некои од нив ќе бидат земени предвид при конечниот изглед на предложениот ДУП.

The post Земјиштето кај Расадник приватно, Општината успеа да „избрише“ само неколку згради appeared first on Слободен печат.


Земјиштето кај Расадник приватно, Општината успеа да „избрише“ само неколку згради was first posted on септември 13, 2020 at 2:33 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....