11.8 C
Скопје
08:41 - 25 април, 2024

Почина Страхиња Стојановиќ чиј автомобил експлодираше во Белград: Ова не е првпат тој да е мета на атентат

На улицата „Омладинска бригада“, во Нов Белград, денеска експлодираше бомба подметната под автомобил, во кој според првичните информации од српските медиуми се наоѓале Страхиња Стојановиќ и странска државјанка, на возраст од околу 45 години.

Тие биле пренесени во болница со тешки повреди, меѓутоа Стојановиќ починал од последиците на експлозијата.

Стојановиќ се поврзува со убиството на познатиот адвокат Драгослав Мише Огњановиќ, а ова е вторпат да има обид за атентат врз него, но овој пат тој беше успешен. Во претходниот обид исто така беше подметната бомба под автомобил, каде при детонацијата беше бившата мис на Шпанија, Олат Билбао Гонзалес. Таа била тешко повредена, а тој во моментот не бил во автомобилот, па од несреќата излегол неповреден.

Се тоа се случило две недели по убиството на познатиот белградски адвокат Огњановиќ, па од старт се сметало дека двата случаи се поврзани. Огњановиќ и самиот рекол дека се сомнева дека Стојановиќ го постојано го следи.

The post Почина Страхиња Стојановиќ чиј автомобил експлодираше во Белград: Ова не е првпат тој да е мета на атентат appeared first on Слободен печат.


Почина Страхиња Стојановиќ чиј автомобил експлодираше во Белград: Ова не е првпат тој да е мета на атентат was first posted on септември 13, 2020 at 3:04 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....