6.8 C
Скопје
03:26 - 27 април, 2024

Заразените хрватски лекари криеле дека биле на скијање во Австрија

Шефот на Клиничко-болничкиот центар Ребро во Загреб Анте Ќорушиќ изјави дека дел од лекарите кои се заразија со новиот коронавирус биле на скијање во Австрија, а по враќањето тоа го сокриле.

– Ќе бидат санкционирани. Досега тројца се заразени, уште една личност ги чека резултатите од тестот. Три проценти од вработените во Ребро сега се во изолација, тоа се 140 лица. Тоа се случи поради неодговорност, рече Ќорушиќ за Н1 Телевизија. Тој додаде дека сите би биле во изолација доколку се знаело дека биле на скијање во Австрија.

– Епидемиолошкиот мониторинг на клиниката е завршен, знаеме дека вирусот е увезен од надвор поради заминување на викенд во Австрија што не било навремено соопштено на управата и од каде дел од колегите се вратиле, продолжиле со работа и сокриле дека биле во Австрија. Апелираме на одговорност на граѓаните, на самоконтрола во однесување, a тоа посебно важи за лекарите, потенцираше диркеторот на КБЦ.

Тој уште еднаш потенцираше дека станува збор за голема неодговорност, бидејќи да се јавеле по патот во Австрија веднаш би биле ставени во самоизолација, а сега поради нив 140 здравствени работници се надвор од работните места, односно се во самоизолација.

– Се случи пропуст. Очекувавме дека вирусот ќе биде увезен од надвор преку обединетата служба за итен прием на пациенти, а всушност е увезен поради викенд во Австрија, коментираше тој.

Меѓу новозаразените девет лица во Хрватска, тројца се лекари, соопшти претходно хрватскиот весник „Јутарњи лист”. Станува збор за двајца заразени лекари во Клиничко-болничкиот центар во Загреб и една лекарка од психијатриската болница Врапче, која до петокот била на работа. Откако денеска се добиени резултатите дека лекарката е позитивна на новиот коронавирус, дневната психијатриска болница е затворена, која и претходно функционирала со многу намален капацитет.

Болницата е целосно евакуирана / 16 март 2020 – Загреб / ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Што се однесува на двајцата лекари од КБЦ Загреб, станува збор за лекарки од неврологија и кардиологија. Со тоа бројот на заразени лекари во КБЦ Загреб се зголеми на четворица лекари (тројца од неврологија и едната лекарка од кардиологија)

The post Заразените хрватски лекари криеле дека биле на скијање во Австрија appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....