18.8 C
Скопје
10:35 - 6 мај, 2024

Започнува ерата на деглобализација и локализација, Кина станува сè подоминантна

Влијателниот американски политиколог Ијан Бремер оцени дека кризата со пандемијата на коронавирусот покажала дека светот не функционира заедно, ниту солидарно и дека тоа практично покажува дека е дојден крајот на ерата на глобализацијата. Бремер смета дека е се поевидентна нејзината  супериорност и очекува во наредниов период Кина во целост да ја покаже својата светска доминација.

Според зборовите на овој влијатен политиколог, најголема последица на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот е немоќта на светските сили како САД, Европа и Русија да се солидаризираат и да започнат да работат заедно, со што практично го навестуваат и крајот на глобализацијата која траеше изминатите децении.

Бремер кој воедно е и колумнист и  уредник во весникот „Тајм”, смета дека светот влегува во технолошка војна. Оваа војна според него ќе се води помеѓу САД и Кина и ќе содржи многу разидувања, локализација и прилагодување на факторот на напредок, а кој не е отпорен на кризи и шокови како што е случајот со оваа пандемија. Сето тоа води кон процес на целосна деглобализација, смета Бремер.

Друга последица според него ќе биде големиот удар врз пазарите на земјите во развојот, кои ќе бидат погодени многу повеќе од развиените држави, каде како стимуланс превентивно би се одвоиле 10 одсто од БДП-то, ставка која не можат да си ја дозволат држави како Бразил, Турција или Индија.

Меѓународната помош за овие држави нема да биде адекватна,  ниту доволна, па поради тоа ќе се јави дополнителна финансиска криза која целосно ќе уништи многу држави кои во моментов се во развој.

Трета последица, наведува Бремер ќе бидат се понапнатите односи меѓу Кина и САД. Причината за ова ќе биде губењето на доминацијата на САД во светот во однос на се’ посилната Кина. Во однос на  пандемијата, Кина покажа дисциплина и моќ за целосно искоренување на болеста, наспорти Европа и САД кои во моментов се соочуваат со катастрофални последици.

Кинеската економија ќе стане прва во светот. Пекинг стави во функција 65 проценти од својата економија и се очекува полниот капацитет на производтсвото да биде ставен во функција до крајот на април.

За разлика од Кина, САД и Европа  сеуште се затворени и соочени со растечкиот број на заразени и починати од коронавирусот. Особено што сега Кина е таа која е одговорна за набавка на медицинските залихи и која ја водат хуманитарната акција во светот, оценува Бремер.

Како пример се посочени големиот број на држави соочени со висок процент на заразени и починати од коронавирусот, како што се Италија Шпанија и Србија. Овие држави ги сметаат кинезите за браќа бидејки им помогнале, а ЕУ, барем засега, како големо разочарување и себичност.

Што се однесува до Русија, Бремер смета дека таа во моментов има ограничена улога во однос на Кина која како држава е многу економски помоќна и повлијателна  во светот.

Кина е се посилна и подоминатна во Европа и во државите кои се сметаат за американски сојузници. Многу од овие држави ќе ја преземат кинеската а не американската 5Г технологија.Единствено економски моќна држава во светот е Кина, заклучува Бремер кој додава дека светот влегува во глобална криза.

The post Започнува ерата на деглобализација и локализација, Кина станува сè подоминантна appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....