4.8 C
Скопје
13:51 - 21 декември, 2024

„Заглавените“ Македонци на Малта дозаглавени од нашите институции

Патни листови не ни помагаат за надминување на проблемот и за регулирање на престојот и работната дозвола на Малта, реагираат со писмо упатено до нашата редакција околу 200 Македонци што живеат и работат на овој остров во Медитеранот.

На овие македонски државјани, од кои повеќето се со истечени македонски патни исправи или им се со важност до крајот на оваа година, за обнова на работните дозволи што ги издаваат малтешките власти, им се бара важечка патна исправа или пасош со важност од најмалку една година пред датумот на доставување на документацијата за обнова на работната дозвола.

Поради пандемијата ковид-19, голем дел од нив не беа во можност да се вратат во Македонија и да ги обноват пасошите, иако имаа закажано термини за тоа. Со оглед на тоа дека македонски државјани не можат да патуваат во ЕУ поради високиот број заразени во земјава, тие бараат да им се издаат посебни, персонализирани или генерални потврди од надлежните македонски институции кои би биле доставени до органите во Малта.

Тие уште во април се обратија за помош на надлежни инстутиции во земјава – до претседателот на државата, до Владата и до министерствата за надворешни и внатрешни работи.

„Имаме разбирање дека имаше избори, но од април до денес никој не нė удостои со одговор, насока или предлог-решение на нашиот проблем“, пишува во дописот.

„Заглавените“ Македонци во Малта се незадоволни од ангажманот на властите, и бараат до Владата на Малта да се испрати писмо во кое ќе наведе дека се продолжува важноста на патните исправи до 31 декември 2020 година за сите македонски граѓани на кои пасошите им истекуваат во текот на 2020 година.

„Никој од нас нема можност да земе неплатен 21 ден (поради задолжителните карантини од 14 дена – н.з.) од работа за да појде преку Бугарија, Загреб или Белград до Скопје за да извади пасош, и да се врати назад на Малта, со ризик да не се врати на Малта поради лошата состојба со короната во Македонија. Голем дел од нас немаат ниту одмори, кои беа искористени за време на карантинот на Малта, ниту доволно пари да си овозможат 20 и повеќе денови без дневници“, пишува во писмото, потпишано од Маја Андреевска.

Тие од МНР бараат вонредно решение, зашто и условите се вонредни, а не редовна процедура со патни листови.

„Доставете писмо за продолжување на важноста на нашите истечени пасоши до 31 декември и да се надеваме дека состојбата во Македонија со короната ќе се промени на подобро и дека до крајот на оваа година ќе можеме да допатуваме и да ги извадиме новите патни исправи, под услов овојпат да има пластики затоа што во февруари и март немаше, ни напишаа нашинците од Малта.

Тие дополнуваат дека српскиот конзул во Италија ќе дојде на Малта и на државјаните на Србија на кои им се истечени документите, ќе им издаде валидни пасоши.

The post „Заглавените“ Македонци на Малта дозаглавени од нашите институции appeared first on Слободен печат.


„Заглавените“ Македонци на Малта дозаглавени од нашите институции was first posted on јули 26, 2020 at 10:12 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....