16.8 C
Скопје
12:42 - 10 мај, 2024

Вухан излезе од карантин: Како изгледа првото жариште на коронавирусот после два месеци изолација (ВИДЕО)

Главниот град на кинеската провинција Хубеи, каде за првпат се појави новиот коронавирус, од денеска повторно е отворен по 76-дневна блокада.

Градот со над 11 милиони жители, кој беше најтешко погоден од коронавирусот во Кина, го прослави своето повторно отворање со полноќна игра на светлата.

Властите ги отворија патишта што излегуваат од градот и им дозволија на луѓето да го напуштат градот со автомобил.

Вухан од 23 јануари беше практично изолиран од светот поради епидемијата на коронавирусот, а сообраќајот со градот беше целосно прекинат.

Пред повторно да биде отворен, централната кинеска провинција Хубеи објави дека ќе продолжи да спроведува мерки против Ковид-19, иако нејзиниот главен град Вухан ја укина забраната за патување.

Факултетите, основните и средните училишта, средните стручни училишта, технички училишта, како и градинките низ целата провинција ќе продолжат со одложување на почетокот на полугодието, се вели во објавата.

The post Вухан излезе од карантин: Како изгледа првото жариште на коронавирусот после два месеци изолација (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....