15.8 C
Скопје
08:53 - 2 мај, 2024

Вознемирувачки информации пристигнаа од Кореја: „Ким е во кома, ама е жив, сестрата раководи со земјата“

Медиумите како Дејли Мејл, Мирор и Њујорк Пост ја пренесоа изјавата на јужнокорејски дипломат кој тврди дека Ким Џонг Ун е во кома, а дека неговата сестра ја презела контролата над Северна Кореја.

Чанг Сонг Мин, поранешен помошник на покојниот јужнокорејски претседател Кин Дае Јунг, тврди дека ДПРК ја крие вистината за влошување на здравјето на својот водач и дека, колку што тој сфаќа, владетелот на Северна Кореја е во коматозна состојба.

Се повеќе се шпекулира за вистинската здравствена состојба на Ким поради се почестото изостанување од јавните настапи оваа година.

Во разговор со локалните медиуми Чанг Сонг Мин рече: „Проценувам дека е во кома, но жив“, пренесуваат медиумите.

Додаде дека сестрата на Ким, Ким Јо Џонг (33) е во позиција да ги преземе некои од овластувањата од својот брат.

„Не е формирана целосната структура за сукцесија, така што Ким Јо Џонг се става во прв план зошто вакумот не може да се одржува долго“, рече тој.

Тврдењата на Чанг Сонг Мин доаѓаат и покрај тоа што севернокорејските медиуми објавија фотографии за кои се тврди дека докажуваат дека Ким раководел со состанок на владата во четвртокот.

Но новинарската агенија Ројтерс објави дека не може независно да ги провери сликите.

Претходно оваа недела се тврдеше дека Ким Џонг Ун ја промовирал својата сестра на местото командант на Северна Кореја.

Ким Јо Џонг (33) сега е задолжена за севернокорејската политика кон САД и Јужна Кореја, со што де факто стана негова заменичка.

The post Вознемирувачки информации пристигнаа од Кореја: „Ким е во кома, ама е жив, сестрата раководи со земјата“ appeared first on Слободен печат.


Вознемирувачки информации пристигнаа од Кореја: „Ким е во кома, ама е жив, сестрата раководи со земјата“ was first posted on август 24, 2020 at 9:37 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....