2.8 C
Скопје
18:25 - 23 декември, 2024

ВО ЖИВО: Се бројат гласовите – Трамп останува или Бајден доаѓа

Претседателот на САД, Доналд Трамп и демократскиот ривал на изборите Џо Бајден остануваат во тесна трка, од која Американците и поголемиот дел од светот ги чекаат изборните резултати од неколку клучни држави.

08.56 -Трамп: Изборите се измама, гласањето треба да запре 

 Во кратка прес-конференција во Белата куќа во раните утрински часови денеска, претседателот Доналд Трамп изјави дека изборите се фалсификувани, дека затоа ќе оди на Врховен суд и побара „да се запре броењето на гласовите”. 

 -Тие можат во 4 часот изутринава да донесат уште цели комбиња со гласови и да продолжат да ги бројат. Нема да дозволима да се случи фалсификат. Сакам броењето (на гласови) да запре, изјави Трамп.

Од друга страна тој објави победа, иако во повеќе држави сеуште не се објавени конечните резултатите. Според Си-ен-ен, во Пенсилванија, на пример, води неговиот опонент, демократскиот претседателси кандидат Џо Бајден. Резултатите од ова сојузна држава се очекува да бидат објавени денеска попладне, а можеби и утре. 

Според Вашингтон пост, од 270 електорални гласови на изборниот колеџ потребни за победа, според неофицијалните резултати од досега преброените гласови и победи во некои држави, Џо Бајден има освоено 220 гласови, додека Трамп има освоено 213 гласови. Изборниот колеџ треба да го прогласи победникот откако ќе ги изброе гласовите, законски, тоа треба да го  стори најдоцна до 14 декември.

08.41 – Трамп прогласи победа, од Устравен суд ќе бара стоп за пребројувањето на гласовите

Американскиот актуелен претседател Доналд Трамп изјави денеска: „Ние победивме на овие избори”.
Тој најави дека ќе се обрати до Уставниот суд да се запре пребројувањето на гласовите.

07.55 – Избори во САД: Се уште тесна трка за претседател на државата

Двајцата кандидати бараат најмалку 270 од 538 гласачи на Изборниот колеџ доделени од државите, а Бајден има тесно водство од 238 гласови наспроти 213 гласови на Трамп, според „Фокс њуз”, бидејќи Бајден доминираше во либералните упоришта долж источниот и западниот брег.

Надежите на демократите во изборна вечер за брза и убедлива победа на Бајден, брзо испарија. И покрај пандемијата во која починаа повеќе од 230.000 Американци, раздвижената американска економија и хаотичната надворешна политика, срамежливиот стил на владеење на Трамп и слоганот „Направи ја Америка повторно голема” најдоа наклоност кај големите делови на земјата.

Пенсилванија, САД / EPA-EFE/TRACIE VAN AUKEN
Пенсилванија, САД / EPA-EFE/TRACIE VAN AUKEN

Говорејќи кратко по полноќ (05:00 Гринич), Бајден рече дека е убеден дека ќе победи на изборите, но вели дека за резултатите може да се почека некое време. Тој ги повика луѓето да бидат „трпеливи” и „да ја задржат верата”.

„Ние веруваме дека сме на добар пат да победиме на овие избори. Се чувствуваме добро за тоа каде сме”, додаде тој. Тој рече дека не очекува повеќе изјави до утрото.

07.43 – Во Небраска – Четири гласа од електорите за Трамп, еден за Бајден

Претседателот на САД и републикански кандидат Доналд Трамп освои четири од пет гласа на „електорите” во Небраска, додека неговиот противкандидат од редовите на демократите доби еден глас во таа сојузна држава.

Трамп победил во првиот конгресен округ, во третиот конгресен округ, како и на државно ниво. Трамп доби по еден глас од гласачкото тело за секоја конгресна област, како и уште два за победата на државно ниво.

Њујорк/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Бајден победи во втората конгресна област, која го вклучува најголемиот град во Набраска, Омаха.

Небраска е една од двете држави каде се поделени гласовите на избирачите. На претседателските избори во 2016 година, Трамп ги освои сите пет гласа на гласачите во Небраска.

07.38 – Бајден најавува да не се очекуваат нови информации од него за изборите

Кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден најавил дека нема повеќе информации  од него пред утрото, јави ДПА.

За тоа укажаа новинарите кои патуваат со кандидатот на демократите.

07.34 – Твитер избриша порака на Трамп во која тврди за „обиди на демократите да ги украдат изборите”

Твитер го обележа како потенцијално навредлива порака од американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, во која тој навестува дека демократите се обиделе да ги украдат изборите.

Твитер соопшти дека објавил предупредување за твитот на Трамп во врска со „потенцијално навредливо тврдење за изборите”.

Трамп претходно, без докази, ги обвинуваше демократите дека се обиделе да ги украдат изборите.

„Имаме голема предност, но тие се обидуваат да ги украдат изборите. Никогаш нема да им дозволиме да го сторат тоа. Гласовите не смеат да бидат дадени по затворањето на избирачките места, напиша Трамп

07.27 – Трамп победи и на Флорида

Претседателот на САД, републиканецот Доналд Трамп го победи кандидатот на демократите, Џозеф Бајден, во сојузната држава Флорида, една од најважните за исходот на изборите.

Флорида е често клучна држава кога трката е неизвесна како вечерва.

Освојувањето на Флорида го остава Трамп во трка за нов мандат. Да ја загубеше Флорида, немаше да има големи шанси да победи. Со победата во Флорида, Трамп „доби” уште 29 гласачи и сега има 174.

Бајден досега „освои” 223 изборни гласови.

За да победи на изборите, кандидатот треба да освои 270 од 538 гласачи.

Во сите други клучни држави, Трамп и Бајден водат неизвесна трка.

07.20 – Републиканците се обидуваат да го зачуваат конзервативното мнозинство во Сенатот

Демократите вчера им земаа едно место во Сенатот на републиканците во Колорадо, но тие веднаш одговорија со ново освоено место во Алабама, многу вредно во нивната борба за зачувување на конзервативното мнозинство во Сенатот.

Републиканците имаат 53 од 100 места во Сенатот. На вчерашните избори се избираа 35 пратеници.

Контролата на горниот дом во Конгресот е важен елемент на парламентарните избори во САД што се одржаа заедно со претседателските.

мајами за трамп
Во Мајами се слави победата на Трамп на изборите/ Мајами, Флорида 04 ноември 2020/ Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Демократите ќе мора да добијат четири места за да го преземат мнозинството во Сенатот или три ако Бајден победи на претседателските избори, па според Уставот, неговата потпретседател Камала Харис би бил гласот кој носи предност.

Поранешниот гувернер на Колорадо, Џон Хикенлупер го победи републиканскиот сенатор Кори Гарднер во неговата држава.

Но, во конзервативната Алабама, Томи Тубервил, поранешен тренер во американски фудбал, наскоро го врати тоа место против демократот Даг Џонс.

Во Јужна Каролина е реизбран сенаторот Линдзи Греам, близок соработник на Доналд Трамп.

Уште еден сојузник на а

07.20 – Трамп победува и во Тексас, проекции на американски медиуми

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп победи во државата Тексас, според проекции на АП. Тоа претставува разочарување за демократите кои се надеваа дека ќе ја „превртат историски црвената држава”.

Тексас не гласаше за демократ за претседател од 1976 година, иако постоеја заеднички напори државата да се претвори во сина во последните неколку години. Трамп го освои Тексас, кој носи 38 изборни гласови, со 9 отсто во 2016 година.

Поддржувачи на Трамп слават на улиците во Мајами откако прогласена е победа на републиканците во оваа држава / 3 ноември 2020, Мајами, Флорида, САД / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Поддржувачи на Трамп слават на улиците во Мајами откако прогласена е победа на републиканците во оваа држава / 3 ноември 2020, Мајами, Флорида, САД / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Трамп имаше предност од околу еден поен во државата една недела ден пред денот на изборите, според анкети на FiveThirtyEight.

07.09 – САД: Без кибер напади на денот на претседателските избори

Во денот на изборите не бил регистриран кибер напад, изјави директорот на Агенцијата за безбедност на интернет и инфраструктура (ЦИСА), Крис Кребс.

– Ова е резултат на четиригодишна соработка меѓу сите државни агенции и 50 земји што споделија податоци. Каде што бевме во 2016 година и каде сме сега е неспоредливо, рече шефот на ЦИСА.

Ен-Би-Си потсетува дека руски хакери се обвинети за наводно пренесување на десетици илјади гласови на Доналд Трамп, кои биле наменети за Хилари Клинтон, на претходните избори во 2016 година.

07.03 -Според 94 отсто преброени гласови – Трамп победи во Охајо, една од клучните држави

Претседателот на САД, Доналд Трамп го победи демократскиот кандидат Џо Бајден во Охајо, една од клучните држави, покажуваат податоците засновани на 94 проценти од преброените гласови.

Според „Фокс њуз”, Трамп освоил 53,5 проценти од гласовите, додека Бајден 45,1 проценти од гласовите.

Трамп освои повеќе од три милиони гласови, а Бајден повеќе од два и пол милиони гласа. Победникот на изборите во Охајо има 18 изборни гласови од 270, што е неопходно за победа.

Трамп победи и во Ајова и Тексас.

ВО ЖИВО: Избори во САД – Трамп или Бајден, Американците бираат претседател

The post ВО ЖИВО: Се бројат гласовите – Трамп останува или Бајден доаѓа appeared first on Слободен печат.


ВО ЖИВО: Се бројат гласовите – Трамп останува или Бајден доаѓа was first posted on ноември 4, 2020 at 8:53 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....