0.8 C
Скопје
17:34 - 22 декември, 2024

(ВИДЕО) „Десет години не сум бил на лекар, не знам што е грип“: Штом падна снег, Борислав облекува шорцеви и трча бос!

Додека некои не можат да го поднесат ладното време и едвај чекаат да запролети, има и такви за кои зимата и снегот е вистинско уживање и начин да се справат со сезонскиот грип и настинки.

Ваков случај е Борислав Михајловиќ од Србија кој веднаш штом ќе падне снег, се облекува во шорцеви и оди бос, прво на „туш“ со снег, а потоа трча.

Вака изгледа неговото секојдневие цела една деценија, иако во јавноста во регионот се прослави неодамна, кога на социјалните мрежи се појави видео на кое трча по снегот само во шорцеви. Потоа се појави уште едно видео на кое се гледа како заедно со своето куче уживаат во зимската идила.

Поради сето тоа, овој човек го доби прекарот „Зимски човек“ и освои големи симпатии, дури и од оние на кои при самото спомнување на снегот им се ежи кожата.

Имено, долги години живее во странство, а на својата љубов, планината Тара, со семејството ѝ се враќа веќе долги години, со план во иднина трајно да се пресели таму.

„Живеам и работам во странство, иако Тара ме освои и моите планови се што поскоро да се вратам и да го поминам животот на убавата Тара и ако даде Господ вака да трчам во осумдесетите“, открил тој за српски „БЛИЦ“.

Имено, овој „спартански“ начин на живот се води долги години, а како што открива, не се ни сеќава кога последен пат посетил лекар.

„Веќе подолго време практикувам туширање со ладна вода, а туширање со снег и трчање откако сум на Тара, веќе 4 години. На почетокот секако е непријатно, но кога ќе го навикнеш телото на студ, чувството е фантастично, а што се однесува до телото, не сум бил на лекар 10 години и не знам што е грип“, вели овој исклучителен човек.

Не го обесхрабрува фактот што на овие простори навистина е многу мал бројот на оние кои практикуваат ваков вид на забава на снег. Што се однесува до семејството пак, тој вели дека само сопругата е „на мака“ кога ќе се врати дома од „снежните активности“.

„Семејството го тоа прифати сосема нормално, само жена ми бега од мене кога ќе влезам под ладен туш. Во светот и регионот многу луѓе практикуваат капење во ладна вода и го следат Вим Хоф. За жал само во Србија тоа е малку застапено и се уште се крстат кога ќе видат вакво нешто, но има и позитивни и негативни коментари“, вели низ смеа.

Дека зад сево ова има сериозна подготовка, и дека пред да излезе на снег во шорцеви и маичка, мора да биде добро подготвен, а најдобро говори начинот на подготовка што тој го спроведува секогаш пред да излезе надвор.

„Подготовките секако се задолжителни, се состојат од вежби за дишење и во овие зимски денови одам на снег два до три пати неделно и останувам во зависност од минусот надвор од 10 минути до половина час, телото едноставно кажува кога тоа е доволно. Телото не прави голема разлика помеѓу -2 и -15, отрпнува и не чувствувате ништо, сакате да трае што подолго“, вели тој.

Покрај трчањето на снег, Борислав сака и други екстремни спортови. Но, една страст што го следи уште од рана возраст се мотоциклите.

„Имам 55 години и се чувствувам најмалку 20 помлад и пожив од мојата генерација. Сакам екстремни спортови, скијање, возење ролери, возам мотори од тринаесетта година до денес“, откри тој.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....