Светската здравствена организација и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација испратиле покана до Северна Македонија да се приклучи кон Ковакс механизмот, дознава Слободен печат од високи извори во Министерството за здравство.
Ковакс механизмот е договор на овие институции со сите потенцијални пронаоѓачи на вакцина, кога ќе бидат подготвени да ја дистрибуираат вакцината низ земјите потписнички рамномерно, додека не стигнат до 20 проценти од популацијата.
Околу 15 производители се сериозни кандидати да произведат вакцина, велат нашите извори од МЗ. Ова всушност значи, дека кој и да дојде до пронајдок на вакцината, ќе ја има и нашата земја во предвид при испораката на дозите и таа ќе биде достапна за граѓаните.
Вакцината АЗД1222, популарно наречена „Оксфорд вакцина“, влезе во последната фаза на тестирање, а се очекува да биде во употреба во Велика Британија, САД и неколку европски земји во септември.
Вакцината на Оксфорд, во моментот се тестира на околу 10.000 доброволци во Велика Британија, 5.000 во Бразил, 2.000 во Јужна Африка и наскоро на 30.000 лица во САД, влегувајќи во последната, трета фаза, по што итно ќе биде одобрена за употреба.
The post Вакцината против Ковид-19, кога ќе биде готова, ќе дојде и во земјава, има 15 потенцијални производители appeared first on Слободен печат.
Вакцината против Ковид-19, кога ќе биде готова, ќе дојде и во земјава, има 15 потенцијални производители was first posted on јули 13, 2020 at 12:29 pm.