Голема трагедија се случи денеска во водите на езерото Очага кај Лазаревац каде што се удавија две деца на возраст од 5 и 6 години.
Од езерото се извлечени телата на браќата Д.М. (роден 2015) и Д.М. (роден 2016) година.
Децата се бањале во езерото и во еден момент исчезнале. Родителите кои во тоа време биле во плиткото со нивното бебе, ги алармирале спасувачите.
Децата по 15 минути се извадени на копно без свест, а лекарите од Итната помош половина час се бореле за нивните животи, но за жал не успеала реанимацијата.
На местото на несреќата пристигна полицијата кои врши увид за несреќата.
Медиумите јавија дека на езерото Очага каде што денеска се удавија братчињата, се случила уште една трагедија во 2013 година. За време на концертот на популарниот српски фолк пејач Мирослав Илиќ во овој дел на Лазаревац, 34-годишен маж облечен скокнал во езерото за да дојде со својот омилен пејач, но водата го проголтала.
The post Трагедија во Србија: Родители ги загубија двете деца во водите на езеро кај Лазаревац appeared first on Слободен печат.
Трагедија во Србија: Родители ги загубија двете деца во водите на езеро кај Лазаревац was first posted on август 23, 2020 at 9:16 pm.