21.8 C
Скопје
11:39 - 18 мај, 2024

Теменугова: Имавме хакерски напад којшто многу веројатно е добро организиран од центри на моќ кои подолго време го подготвувале ова (ВИДЕО)

Во време на развој на новите технологии хибридните војни стапуваат на сила. Чекаме одоговор од надлежните за безбедносните протоколи за да дознаеме што навистина се случи таа вечер (нападот на ДИК и Time.mk). Консултиравме повеќе извори и она што е познато е дека имавме хакерски напад којшто многу веројатно е добро организиран од некои центри на моќ кои подолго време го подготвувале ова, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Александра Теменугова, Институт за комуникациски студии.

-Од оваа ситуација може да извлечеме неколку поенти. Првата е дека ДИК многу лошо реагираше во ваква кризна ситуација, односно не постапи според оние правила кои важат за менаџирање на ваква ситуација – односно јавноста остана без информации што се случи. Второто е што правеа тогаш, а и претходно останатите органи кои се занимаваат со безбедноста, вклучувајќи го најсензитивниот период – изборите, вели Теменугова и додава дека се уште нема одговор што откриле нивните служби.

-Она што нам ни е потребно во овие моменти е да извлечеме поука како да реагираме во ситуации како минатата недела. Сајбер нападите се во подем и за евтини пари може да се изврши ваков напад, вели Теменугова.

Препораките се дека Владите треба да инвестираат во опрема и во човечки ресурси кои би се справувале со ваквите напади, додаде Теменугова.

The post Теменугова: Имавме хакерски напад којшто многу веројатно е добро организиран од центри на моќ кои подолго време го подготвувале ова (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Теменугова: Имавме хакерски напад којшто многу веројатно е добро организиран од центри на моќ кои подолго време го подготвувале ова (ВИДЕО) was first posted on јули 21, 2020 at 8:56 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....