22.8 C
Скопје
15:42 - 2 мај, 2024

Подготвена е првата руска вакцина против коронавирусот

Првата руска вакцина против коронавирусот е подготвена, изјави првиот заменик на министерот за одбрана на Русија Руслан Цаликов.

Тој истакна дека работата на руските воени виролози на создавањето на вакцина е завршена и дека втората група на доброволци, кои учествувале во клиничките тестирања на вакцината, ја напуштиле болницата откако им се направени контролни анализи.

– Наши експерти и научници од Националниот истражувачки центар веќе ги направија конечните проценки од резултатите од тестирањето. Во моментот на отпуштање (од болница) сите доброволци,без исклучок, стекнаа имунитет на Ковид-19 и се чувствуваат добро. Значи, првата руска вакцина против овој вирус е подготвена – изјавил Цаликов засписанието „Аргументи и факти“.

Тој појасни дека руските воени виролози, заедно со водечките научни организации во земјата, активно работата на создавање вакцина против опасни болести, што беше одлучувачка причина за тоа војниците-доброволци да престанат да учествуваат во тестирањето на вакцината.

Порано шефицата на Центарот за клинички прoучувања на лековите од Универзитетот „Сеченов“, Елена Смоларчук, соопшти дека сите доброволци, на кои е тестирана вакцината на Универзитетот „Сеченов“, стекнале имунитет.

Колку долго вакцинираните лица ќе поседуваат имунитет на коронавирус, засега е тешко да се каже, додала Смоларчук.

The post Подготвена е првата руска вакцина против коронавирусот appeared first on Слободен печат.


Подготвена е првата руска вакцина против коронавирусот was first posted on јули 21, 2020 at 8:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....