Вкупно 18 лица се позитивни за коронавирусот во Србија, се најновите податоци на Министерството за здравство објавени на веб-страницата covid19.rs.
Во Србија утринава беа регистрирани 12 заболени лица.
До 11 март 2020 година, вкупно 151 лице кои ги исполнија критериумите за дефинирање на случајот беа тестирани во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак.
Од последниот извештај до 8 часот наутро, на 11 март, беа тестирани примероци од 21 лице, од кои шест се позитивни и петнаесет беа негативни на новиот вирус Ковид 19.
Првиот заразен во Србија е регистриран на 6 март, а вирусот е пронајден кај маж во Бачка Топола.
The post Србија: Бројот на заразени со коронавирус се зголеми на 18 appeared first on Слободен печат.