34.6 C
Скопје
13:45 - 15 јули, 2026

Наскоро започнува тестирањето на израелска вакцина која може да се користи против коронавирусот

Вакцина против коронавирусот, на која работат израелски научници, ќе биде подготвена за тестирање за неколку недели, но нема да биде достапна за употреба неколку месеци поради долготрајната и понекогаш бирократска постапка за тестирање и одобрување.

Тоа го соопшти член на научниот тим, пренесува порталот „Тајмс оф Израел“.

Како што наведува израелскиот медиум, државниот институт веќе четири години работи на вакцина која би можела да се користи за различни врски на вируси, и може да се прилагоди и за вирусот Ковид-19.

Членот на лекарскиот тим Хан Кац рече за порталот дека таа нова орална вакцина против коронавирусот, која би можеле да ја примаат и возрасни и деца, ќе може да ги ублажи симптомите на вирусот и да ги претвори во „многу блага настинка“, а многумина не би го имале ни тоа.

Вакцината ќе содржи посебно произведени протеини, наведува израелскиот медиум.

The post Наскоро започнува тестирањето на израелска вакцина која може да се користи против коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....