Светската здравствена организација денеска ќе одржи состанок на Стручниот одбор за управување со итни случаи, за да процени дали епидемијата на коронавирусот во Кина е вонредна состојба на меѓународно ниво.
Според најновите информации, бројот на заразени со новиот вид корона вирус во Кина се зголемил на 440, а девет лица починале.
Новиот коронавирус, што предизвикува пневмонија, се пренесува од човек на човек се прилагодува и мутира, и зарази медицински лица.
Вирусот за првпат е откриен во градот Вухан во провинцијата Хубеи, за подоцна да се рашири во други кинески градови, вклучувајќи ги и Пекинг, Шангај и провинцијата Гуангдонг, а исто така е откриено дека има заразени и надвор од Кина.
Прв случај е потврден во САД, пациент кој неодамна се вратил од Кина и се наоѓа во добра состојба откако бил хоспитализиран.
Еден случај е пријавен во Јапонија, Јужна Кореја и два во Тајланд, донесени од кинески туристи од Вухан.
Земјите во Азија и другите делови на светот започнаа со проверка на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатите за да најдат луѓе кои го имаат новиот коронавирус.
Мерките се дел од напорите да се спречи повторување на епидемијата на САРС од 2002 и 2003 година, уште еден короновирус кој започна во Кина и уби речиси 800 луѓе, го парализираше транспортот и ги оштети азиските економии.
Кинеската влада тогаш беше обвинета за влошување на САРС, бидејќи тие првично криеја информации и ја блокираа работата на Светската здравствена организација.
Овојпат кинескиот претседател Си Џинпинг нареди партиските комитети, влади и релевантни оддели на сите нивоа да ги стават на прво место животот и здравјето на луѓето.
Температурата на патниците се проверува на аеродромот Вухан и секој што работи во јавни услуги носи заштитни маски.
The post Состанок на Одборот за итни случаи во СЗО поради ширењето на коронавирусот appeared first on Слободен печат.