8.8 C
Скопје
08:13 - 27 април, 2024

Републиканците им го зададоа првиот удар на демократите за импичментот на Трамп, Русија ја доби новата влада

Америкнаскиот Сенат отфрли повеќе барања на демократите во врска со импичментот на Трамп. Во сенатот каде мнозинство имаат републиканците, ги отфрли барањата на демократите да ја обврзат Белата куќа да ги достави документите во врска со воената помош за Украина.

Сите барања беа одбиени со 53 наспроти 47 гласови.

Ова не е изненадување ако се земе во предвид дека за да успее барањето за импичмент, на републиканците им треба двотретинско мноинство во сенатот каде доминираат републиканските претсавници. Оттаму демократскиот обид за импичмент на Трамп е однапред осуден на неуспех. Дебатата во Горниот дом на американскиот Конгрес сè уште не е завршена и ќе трае до недела. Ова е трет случај во американската историја претседателот на државата да се соочува со можно отповикување.

Во исто време Русија ја доби новата влада. Во неа не се наоѓа Дмитриј Медвед, но остануваат истите министри за одбрана, надворешни работи и финансии.

И Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу се доајени во политиката и се меѓу најдоверливите политички фигури во Русија, а заостануваат само зад претседателот Путин кога станува збор за популарност кај јавноста.

Наспорти нив, долгогодишниот најблизок соработник и човек од доверба на Путин, Дмитриј Медведев не се наоѓа во новиот владин кабинет. Медведев долго време се соочуваше со пад на популарноста пред сè поради корумпираноста, но и неговите прозападни врски, со што тој според оценките не е веќе употреблив за руската политика. Ова се толкува како една од причините на неговото изземање од врвот на руската политика. Медведев минатата недела објави дека целата влада ќе поднесе оставка во ненадејна изјава непосредно по говорот на Путин за состојбата на Федерацијата.

Предложената реформа предвидува пошироки овластувања за Државната дума – Долниот дом на парламентот на Русија – вклучително и давање можност да го избира премиерот и да формира влада. Она што се толкува како главна причина е обидот на Путин по неговиот истек на вториот претседателски мандатот во 2024 година да остане во врвот на руската политика, а притоа да не го менува уставот кој не дозволува негово повторно кандидирање.

Путин сака да го намали влијанието на претседателот, а да го зголеми влијанието на премирот и пред сè Врховниот совет. Целта му е советодавната улога на Врховниот совет да ја постави да биде извршна по 2024 година, и да се повлече од претседателската функција и да биде дел од Советот.

Така ќе ги контролира стратешките правци на руската политика, а нема да биде изложен на секојдневни ангажмани пред сè на економијата, но и притисоци за степенот на демократијата која се спроведува, туку ќе се фокусира на зајаканувањето на руската доминација во светот.

Најновите политички превирања и случувања во Вашингтон и во Москва, се покажува дека двете светски суперсили се прегрупираат одвнатре, во пресрет на наредните судири кои ќе се слулуваат во битката за светска доминација.

The post Републиканците им го зададоа првиот удар на демократите за импичментот на Трамп, Русија ја доби новата влада appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....