Силување и убиство на 13-годишно девојче на север во Индија предизвика бес во јавноста во таа држава, но и тага за најновата жртва на сексуални напади на жени и девојки, што во Индија е се поголем проблем, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Двајца мажи, инаку соседи, уапсени се поради сомнение дека го сториле тоа злосторство, но поради епидемијата со коронавирусот не дојде до улични протести, што е инаку случај при такви ситуации.
Девојчето е брутално силувано и убиено кога излегло од дома да посети јавен тоалет, па се верува дека токму во тој момент ја нападнале двајца мажи кои ја силувале, а потоа ја задавиле.
Во потрага по девојчето се упатиле членови на семејствоо загрижени бидејќи таа долго време не се вратила дома. Нејзиното тело е пронајдено во поле со шеќерна репка.
Во последните неколку години Индија ја потресоа низа страшни убиства и силувања на девојчиња, девојки и жени, а тие случаи предизвикаа масовни протести и доведоа до измени во законот во правец на заострување на казните.
The post Соседи силувале и задавиле 13-годишно девојче во Индиjа: Граѓаните сакаат да протестираат, но не смеат поради коронавирусот appeared first on Слободен печат.
Соседи силувале и задавиле 13-годишно девојче во Индиjа: Граѓаните сакаат да протестираат, но не смеат поради коронавирусот was first posted on август 18, 2020 at 10:52 am.