Чешката полиција употреби денеска солзавец и водени топови за да ги растера стотиците демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците после протестот против новите рестриктивни мерки на владата поради сузбивање на ширењето на коронавирусот.
#CzechRepublic Police attacked by dozens of individuals in #Prague after official part of demonstration against covid restrictions had ended. pic.twitter.com/1sS4LRgEbE
— Filip Horký (@FilipHorky) October 18, 2020
Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите повредени се најмалку 20 лица, пренесува АП.
На протестот имало повеќе илјади луѓе, вклучувајќи и фудбалски и хокеарски навивачи кои протестирале против мерките меѓу кои се и забрана на спортските натпревари и затворање на баровите и рестораните.
As a wise man from #Uzbekistan once said – you don’t really live in a dictatorial police state, if you can yell at a square about it (and police doesn’t attack you until you attack them). #COVIDIOTS #Prague #ClusterStaromestske https://t.co/BydXpivkPW
— Anna Jordanova (@Jordanova_An) October 18, 2020
Исто така е забрането собирање на повеќе од шест лица, но е дозволено демонстрирање до 500 лица, ако се раздвоени во групи до 20 и ако носат заштитни маски.
Многу демонстранти немале маски. Бидејќи полицијата соопшти дека нивниот број не смее да биде поголем од 500, организаторите го растераа собирот. Но некои демонстранти останале на плоштадот и почнаа полицијата да ја гаѓаат со шишиња, камења и други предмети.
Czech police tried to disperse protesters in Prague on Sunday after thousands, including soccer and ice hockey fans, rallied to condemn #Covid19 restrictions that include banning sports competitions and bar closures pic.twitter.com/H8kyLywfKK
— Bloomberg QuickTake (@QuickTake) October 18, 2020
Чешка бележи рекорден пораст на нови случаи од коронавирус во претходните недели и оваа земја има најголема стапка на зараза во Европа.
The post Со солзавец и водени топови против демонстрантите: Жестока пресметка во Прага (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Со солзавец и водени топови против демонстрантите: Жестока пресметка во Прага (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on октомври 18, 2020 at 7:27 pm.