9.8 C
Скопје
06:23 - 4 мај, 2024

Богдановиќ доследно во духот на српската традиција даде завет пред Јелена и пред Бога (ФОТО+ВИДЕО)

Градоначалникот на Центар Саша Богановиќ и избраничката на неговото срце Јелена Брауновиќ, Светата Тајна Венчание ја примија денеска во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница.

Кратко време по пристигнувањето на роднините, во дворот на живописниот српски средновековен манастир на Грачаница, пристигна младоженецот облечен вообичаено за ваков свечен момент, костум.

Фото: Слободен печат

Неговата избраничка Јелена Брауновиќ дојде облечена во прекрасна комбинација на традиционалното и модерното – бел невестински фустан со етно елементи – кус и долг елек кои се дел од црногорската женска народна носија. 

Фото: Слободен печат

Во црквата, чинот на венчавка го изврши архимандритот Иларион, кој му е заменик на владиката Рашко – призренски Теодосије кој пак испрати благослов до младенците.

Фото: Слободен печат

За време на венчавката Иларион потсети дека бракот е предизвик и, иако во текот на беседата се споменува дека жената треба да се плаши од мажот, не смее мажот да заборави дека не е христијански да се биде насилен и дека во бракот двајцата треба да се почитуваат и сакаат.

Младенците додека се венчаваа во црквата носеа цветни круни, односно венчиња со бело цвеќе, што исто така претставува враќање кон изворното, со оглед на тоа што металните груни биле наметнати од Австроунгарците.

Фото: Слободен печат

Пред црквата се пееја песни од богатата српска историја и традиција,  а дефинитивно најдобар глас имаше невестата, Јелена која пак е наставничка во скопското училиште „Киро Глигоров“ во Скопје, а запеа и градоначалникот, понесен од свечената атмосфера која ја надополнуваа и гостите како и домаќините од Грачаница, облечени во костими кои соодветствуваат на српската средновековна историја.

На крајот од свадбената церемонија и младоженецот облече традиционална српска народна носија.

Фото: Слободен печат

Младоженците и гостите по ова заминаа на ручек во елитен ресторан во Грачаница. Пред неколку дена градоначалникот Богдановиќ најави дека со оглед на тоа што свадбените веселби во Македонија се забранети поради епидемијата од коронавирус, кога ќе има услови со Јелена ќе направат и свадба во Скопје за своите роднини и пријатели.

Фото: Слободен печат

Како што може да се забележи од фотографиите, гостите на венчавката на Богдановиќ не носеа маски во текот на целата церемонија во Грачаница, иако на Косово како и во сите земји од регионот и во Европа, носењето маски е задолжително, како и држењето на дистанца.

Фото: Слободен печат

На Косово деновиве пандемијата е со помали размери, односно за разлика од останатите земји во регионот се уште на дневна база има двоцифрени бројки новозаразени.

Денеска пак во земјата се регистрирани 137 новозаболени лица од коронавирус.

За влез на Косово не е потребен ПЦР тест за македонските граѓани и обратно.

 

Сѐ е подготвено, се чекаат младенците: Саша Богдановиќ и Јелена ќе се венчаат во Грачаница (ФОТО)

 

The post Богдановиќ доследно во духот на српската традиција даде завет пред Јелена и пред Бога (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Богдановиќ доследно во духот на српската традиција даде завет пред Јелена и пред Бога (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on октомври 18, 2020 at 6:41 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....