11.8 C
Скопје
00:22 - 24 април, 2024

Сите го критикуваа моделот на Шведска против коронавирусот, а сега и завидуваат?

Наместо да воведат забрана за движење или да прогласат вонредна состојба, Шведска по избивање на епидемијата на коронавирусот ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките на социјално дистанцирање.

Шведските власти воведоа одредени ограничувања како би ја намалиле стапката на раст на инфекцијата, како што се забрана за јавни собири со повеќе од 50 луѓе, затворање на баровите, воведување настава на далечина за средношколците и студентите, но немаше строги контроли, парични казни, ниту интервенција на полицијата.

Многу ресторани и понатаму работат, иако во нив има малку гости, децата од помалите одделенија и понатаму одат во училиште, а за разлика од соседна Норвешка и некои од азиските земји, Шведска не воведе апликација за следење на движењето, избегнувајќи загрозување на приватноста и личната автономија на граѓаните.

Фото: EPA-EFE/ANDERS WIKLUND SWEDEN OUT

Според проекциите на Андерс Тегнел, главниот епидемиолог на шведскиот институт за јавно здравје, Стокхолм би можел да стекне колективен имунитет веќе овој месец, а математичарот од Универзитетот во Стокхолм, Том Бритон пресметал дека имунитетот од 40 отсто би бил доволен за да се запре ширењето на вирусот во тој град, а тоа би можело да се случи до средина на јуни.

Иако Шведска во некои кругови ја фалат за тоа што успеала да одржи бар до некаде нормална состојба во економијата и да ја задржи стапката на смртност по жител на пониско ниво од Белгија, Франција, Италија, Холандија, Шпанија и Велика Британија, други ја критикуваат заради тоа што не успеала да ги заштити постарите жители и имигрантите.

Луѓето во домовите за стари лица сочинуваат 50 отсто од смртните случаи од Ковид-19 во Шведска, кај кои според зборовите на Тегнел, делумно допринесува фактот што институциите не успеале доволно брзо да ги применат мерките за заштита, како што се носење на маски. Меѓу имигрантите исто така има неразмерно многу починати, главно бидејќи се сиромашни и работат во услужниот сектор, каде работа на далечина е практично невозможна.

Меѓутоа, шведските власти тврдат дека на крајот, стапката на смртност во земјата ќе биде пониска во однос на другите краеви на светот. Кога најголемиот дел од светот ќе биде соочен со втор смртоносен бран на епидемијата, за Шведска тоа се ќе биде минато.

Шведска успеа да го засили имунитетот на младите и здравите, и на лицата кои се изложени на најмала опасност од компликации од Ковид-19, а истовремено да ја намали и стапката на смртност. Одделенијата за интензивна нега не се преполни, а болничкиот персонал не бил принуден да презема додатна грижа за децата, бидејќи градинките и основните училишта работат.

Фото: Профимедиа

Многу други земји сега го подржуваат шведскиот модел: Данска и Финска ги отворија основните училишта, Германија ги отвори помалите продавници, Италија наскоро ќе ги отвори парковите, а Франција планира да дозволи отворање на помалите музеи, училишта и градинки.

За тоа постојат добри причини, бидејќи ќе пројдат неколку години пред да бидат сведени пресметките, односно пред да се утврди вкупниот број на смртни случаи, банкротирани претпријатија, откази, самоубиства, луѓе со психички проблеми, загуби во БДП и инвестиции, и другите трошоци предизвикани не само од вирусот, туку и од мерките за негово спречување, пишува Форин аферс. Меѓутоа јасно е дека тие трошоци ќе бидат огромни.

Земјите кои ги укинуваат рестрикциите можат да учат и од грешките на Шведска: маските и другата заштитна опрема треба да бидат достапни и во домовите за стари лица, а поголем акцент треба да се стави на вработените во услужниот сектор.

The post Сите го критикуваа моделот на Шведска против коронавирусот, а сега и завидуваат? appeared first on Слободен печат.


Сите го критикуваа моделот на Шведска против коронавирусот, а сега и завидуваат? was first posted on мај 15, 2020 at 9:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....