10.8 C
Скопје
03:52 - 4 мај, 2024

Нема да се носи ново решение за избори, ќе се корегира старото

Со одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за Уредбата за прашањата поврани со изборниот процес, паднаа во вода изборните пазари меѓу власта и опозицијата за изборнито ден.
Во член 5 од Уредбата пишува дека спроведувањето на изборните дејствија ќе продолжи од денот на престанок на вонредната состојба и дека сите изборни дејствија кои се преземени согласно одредбите на Изборниот законик, до денот на стапување во сила на оваа уредба, се сметаат за важечки. Со членот 6 од Уредбата се задолжува Државната изборна комисија во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави на својата веб-страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија.

Денеска на седницата на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски ќе се разговара за прогласување нова вонредна состојба која најверојатно, наместо 30 дена како претходните две, ќе трае пократко. Извори на Слободен печат велат дека со третата вонредна состојба ќе се купуваат денови потребни за ДИК, за да може Комисијата да го прочисти Избирачкиот список.

Во меѓувреме, извори во Уставниот суд за Слободен печат велат дека со својата одлука да не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба, на шефот на државата му се отвора можноста да прогласи и трета вонредна состојба.

– Со ваквата одлука, сите сомнежи за носење на нови вонредни мерки ги укинавме, бидејќи во Уставот нема ограничување за тоа колку пати може претседателот на државата да прогласи вонредна состојба. Со ваквиот став на уставните судии, претседателот на државта, со нова одлука  може да прогласи вонредна состојба и по третпат – велат за Слободен печат од Уставниот суд.

Нашите извори додаваат дека сега се разрешени и дилемите кои некои правници ги изнесуваа во јавноста во врска со втората вонредна состојба за која тврдеа дека Пендаровски со неа го прекршил Уставот и дека за тоа ќе може да се отвори постапка на импичмент од страна на некое ново парламентарно мнозинство.

Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува во сабота на полноќ.

Во меѓувреме, во јавноста се отвора и дилемата дали спикерот Талат Џафери ќе треба да донесе ново решение со нов изборен датум. Нашите извори во Уставниот суд посочуваат дека излезот ќе се бара во старото решение, но со корегирани зборови, односно дека нема да се носи ново решение туку зборот во старото решение 12 април ќе се корегира и ќе се напише „се заменува со зборовите“, каде треба да стои новиот датум за кој власта и опозицијата се уште го немаат договорено.

The post Нема да се носи ново решение за избори, ќе се корегира старото appeared first on Слободен печат.


Нема да се носи ново решение за избори, ќе се корегира старото was first posted on мај 15, 2020 at 9:11 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....