0.8 C
Скопје
22:45 - 18 декември, 2024

СДСМ до Влада со ултиматум до партиите!

Генерално општо прифатено мислење е дека парламентарно мнозинство за состав на Влада се прави по математички пат со просто собирање на бројот на освоени мандати на партиите кои влегле во Собранието.

Овој пат се чини нема да биде само тоа. Многу потешко одат принципиелните усогласувања меѓу партиите и нивните програми.

За прв пат во поновата историја на формирањето парламентарно мнозинство македонска партија и тоа токму СДСМ, поставува сериозен ултиматум до партиите на Албанците да се откажат од национализмите во своите програми, доколку сакаат да бидат партнери во власта!

Досега секогаш било спротивното. И тоа се случува во ситуација кога освоените пратенички мандати не и даваат таква сигурност, и кога се води трка на дневна основа кој попрв ќе формира парлементарно мнозинство.

Ова е секако важен исчекор во преговорите меѓу партиите кој може да донесе нов квалитет при формирање Влада. Имено тоа значи дека конечно СДСМ сака да расчисти со досегашниот манир на состав на Влада во која министрите -коалициски партнери им полагаа сметка не не премиерот туку на своите партиски лидери, а тоа веќе 18 години е ДУИ и Али Ахмети.

Она што може да ги отежнува преговорите особено со ДУИ е ставот на СДСМ дека:

„Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат. Заеднички ќе биде договорен систем за проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер. За раководителите кај кои е утврдено нечесно работење следуваат санкции.“

ДУИ едноставно создаде општо мнение и во македонската и особено во албанската јавност дека во рамки на партијата има длабоко корумпирани членови и функционери од кои раководството ќе мора да се ослободи.

Доколку лидерот Ахмети нема храброст за тоа, тогаш најдобро за партијата е одреден број нејзини членови, а особено неизвалканите новопечени пратеници да се одважат и да формираат независна пратеничка група со што би се дистанцирале од сите сомнежи за криминал на своите сопартијци.

Таа пратеничка група би била новиот ветер во демократизација на партијата која би имала кредибилитет за да влезе во состав на новата Влада заедно со останатите партии на Албанците, кои сега нерадо прифаќаат да бидат во заедничка коалиција со ДУИ за која имаат само негативно мислење.

Едновремено ваквиот цврст став на Зоран Заев е продолжување на синтагмата „едно општество за сите“ која ја инаугурираше уште на минатите парламентарни избори.
Со тоа, таквата Влада во старт се декларира дека е Влада на сите граѓани, без разлика на нивната етничката припадност, со што сериозно им ја намалува улогата на партиите на Албанците како единствени заштитници на колективните права на оваа етничка заедница, особено низ барања кои се понекогаш екстремно националистички и го поткпуваат уставниот поредок на земјата.
Ако на почетокот на формирањето на собраниското мнозинство не се расчистат овие дубиози, тогаш тие ќе останат да „висат“ како постојана закана во функционирањето на Владата.

Меѓу другото многу важно е што се урива принципот на „победник со победник“ со принципот „едно општество за сите“.
Востановената пракса на формирање коалиција на партиите победнички на изборите што ја воспоставија Али Ахмети и Никола Груевски беше практично федерализација на Македонија. И тоа не толку базично на етнчка основа, колку што беше партиско мапирање на територијата на државата, според кое ДУИ „мораше“ да биде победник за да биде и ексклузивен репрезент на интересите на Албанците.

ДУИ овој пат не само што ќе мора да се „справи“ со барањата на СДСМ, туку ќе треба да се соочи и со сите останати партии на Албанците, на кои со години им го минимизираше правото на политичка самостојност, а на овие избори им ги замаглуваше очите со идјата за премиер Албанец.

Дали Заев ќе опстои на ова или само високо се позиционира во преговорите каде и останатите соиграчи имаат високи барња, е навистина прашање на кое бргу ќе добиеме одговор.

The post СДСМ до Влада со ултиматум до партиите! appeared first on Слободен печат.


СДСМ до Влада со ултиматум до партиите! was first posted on август 7, 2020 at 10:44 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....