3.8 C
Скопје
03:05 - 17 ноември, 2024

Родители ќе им мерат температура на децата пред да одат на училиште, ако ги пратат болни нема да одговараат

Протоколите за заштита од ширење на ковид-19 за настава со физичко присуство во основните и средни училишта треба навистина да помогнат во постигнување на целта заради која се донесени, а не само да преставуваат пишан документ кој нема да донесе ништо во пракса, реагираат родителите откако Владата вчера ги објави овие протоколи. Најголемо незадоволство предизвикуваат одредбите според кои мерењето на телесната температура на учениците и вработените нема да се врши во училиштето, туку дома. Прашање е и кој ќе контролира дали тие се почитуваат. Од Комисијата за заразни болести велат дека не е можно се да се контролира и санкционира, туку мора секој да е одговорен и да постапува како што треба.

– Искуството кај нас покажува дека дел од родители се целосно несериозни кога е во прашање изолацијата на болно дете. Има голем број на примери кога ги носат децата во градинка со температура, дури бараат од воспитувачиките да им дадат сируп на децата. Исто е и во училиштата, сабајле не можат на време да ги донесат на настава, а камоли да им мерат температура – реагираат родители кои планираат децата од  1 октомври да ги пуштат во училиште.

Како што неофицијално дознаваме, и на Комисијата за заразни болести ова прашање предизвикало дискусија, бидејќи членовите на ова тело барале телесната температура да ја мерат наставниците кога ќе доаѓаат децата во училишта.

– Несериозно е да се остави ова прашање така, познавајќи го нашиот менталитет, не сме ние Скандинавија. Од Министерството за образование објаснуваат дека училиштата немале топломери. Тоа може да се набави и нема да биде голем проблем за наставникот на петнаесетина деца да им ја измеrи температурата – велат извори од Комисијата за заразни болести.

Во Протоколот за средните училишта кој Владата го објави вчера, се наведува дека секој вработен пред да тргне на работа задолжително ја мери телесната температура, а во случај на зголемена телесна температура (37° и повисоко) вработениот не доаѓа на работа, туку по телефонски пат го известува директорот на училиштето.

„Ученикот е должен секој ден пред поаѓање на училиште да ја мери телесната температура, а во случај на зголемена телесна температура (37° и повисоко) не доаѓа во училиште, туку по телефонски пат го известува раководителот на паралелката“, се вели во протoколот.

Во основните училишта пак телесната температура на вработените им се мери во училиштето додека пак на децата им ја мерат дома родителите.

„На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето и во случај на зголемена температура (над 37°) вработениот се упатува кај матичен лекар. Родителот/старателот е должен, секој ден пред поаѓање на училиште, да му мери телесна температура на детето, а во случај на покачена телесна температура (над 37°) не смее да го донесат детето во училиште, туку да се јават на телефон на наставникот/одделенскиот раководител на паралелката. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште“, се наведува во протоколите.

Нејасно е зошто во училиштата не се постават термални камери, кои би можеле на брз и ефикасен начин да го решат проблемот.

Протоколите предвидуваат и во училницата да нема повеќе од 20 деца кои ќе седат на растојание од 1,5 метри. Ова растојание треба да се запази и при влез во училиштето. На влезот ќе се прави дезинфекција на раце и обувки. Децата ќе јадат во училница она што го носат од дома, а во библиотеките, фискултурните сали ќе може во исто време да престојува само едно одделение, а не како сега по неколку.

Од Комисијата за заразни болести објаснуваат дека тешко е да се набават 23.000 бесконтактни топломери, колку што има паралелки во училиштата во земјава, а тешко е да се купат термални камери, бидејќи и таа за аеродромот едвај се обезбедила.

– Протоколите се донесени, но сите мора да бидат совесни и да ги почитуваат, нема друго решение, ако сакаме да го сузбиеме вирусот. Не е возможно се да се контролира и за се да има казни. На пример, како ќе докажете дека детето имало температура пред да го донесат на училиште, родителот ќе каже ништо не му било – вели Александар Стојанов, директор на Центарот на јавно здравје во Скопје и член на Комисијата за заразни заболувања.

Тој вели дека контролата на почитување на протоколите е оставена на училиштата и не е возможно да се ангажира толку полиција за да контролира дали се почитуваат.

The post Родители ќе им мерат температура на децата пред да одат на училиште, ако ги пратат болни нема да одговараат appeared first on Слободен печат.


Родители ќе им мерат температура на децата пред да одат на училиште, ако ги пратат болни нема да одговараат was first posted on август 27, 2020 at 1:12 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....