9.8 C
Скопје
20:12 - 19 април, 2024

ИНИЦИЈАТИВА НА ОПШТИНА КАРПОШ: Теренски патроли ги инфромираат граѓаните за мерките за заштита од ковид-19 (ВИДЕО)

Преку претставниците од своите урбани заедници и Секторот за дејности од јавен интерес, Општина Карпош започна теренска кампања преку која на најфреквентните локации на територијата на Општината се делат флаери преку кои се потсетуваат граѓаните на мерките за заштита и превенција од Ковид-19.

Претставниците на локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните на носење заштитни маски, одржување дистанца и вршење на честа дезинфекција на рацете.

Како што вели Димитар Караташев од одделението за односи со јавност на Општина Карпош, оваа иницијатива е започната во текот на оваа недела, а ќе трае и во текот на следната.

– Задолжени лица редовно вршат дезинфекција и миење на улиците со цистерни, а се дезинфицираат воспитно-образовните установи во Карпош и им се помага и на социјално-загрозените домаќинства (со еднократна помош, донација на пехранбени продукти и средства за хигиена). Главната цел е уште повеќе да се разбуди свеста на граѓаните за почитување на мерките за фреквенција, а патролите по улиците најчесто се одвиваат во попладневните часови на најразлични локации ширум општината, како маалските паркови, платоа, плоштади и детски игралишта – велат од Општината.

 

The post ИНИЦИЈАТИВА НА ОПШТИНА КАРПОШ: Теренски патроли ги инфромираат граѓаните за мерките за заштита од ковид-19 (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


ИНИЦИЈАТИВА НА ОПШТИНА КАРПОШ: Теренски патроли ги инфромираат граѓаните за мерките за заштита од ковид-19 (ВИДЕО) was first posted on август 27, 2020 at 3:17 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....