22.8 C
Скопје
16:29 - 2 мај, 2024

Теренски патроли во Карпош ги инфромираат граѓаните за мерките за заштита од ковид-19 (ВИДЕО)

Преку претставниците од своите урбани заедници и Секторот за дејности од јавен интерес, Општина Карпош започна теренска кампања преку која на најфреквентните локации на територијата на Општината се делат флаери преку кои се потсетуваат граѓаните на мерките за заштита и превенција од Ковид-19.

Претставниците на локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните на носење заштитни маски, одржување дистанца и вршење на честа дезинфекција на рацете.

Како што вели Димитар Караташев од одделението за односи со јавност на Општина Карпош, оваа иницијатива е започната во текот на оваа недела, а ќе трае и во текот на следната.

– Задолжени лица редовно вршат дезинфекција и миење на улиците со цистерни, а се дезинфицираат воспитно-образовните установи во Карпош и им се помага и на социјално-загрозените домаќинства (со еднократна помош, донација на пехранбени продукти и средства за хигиена). Главната цел е уште повеќе да се разбуди свеста на граѓаните за почитување на мерките за превенција, а патролите по улиците најчесто се одвиваат во попладневните часови на најразлични локации ширум општината, како маалските паркови, платоа, плоштади и детски игралишта – велат од Општината.

 

The post Теренски патроли во Карпош ги инфромираат граѓаните за мерките за заштита од ковид-19 (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Теренски патроли во Карпош ги инфромираат граѓаните за мерките за заштита од ковид-19 (ВИДЕО) was first posted on август 27, 2020 at 3:17 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....