1.8 C
Скопје
15:46 - 23 декември, 2024

Рекордни 534 оздравени лица, во моментов активни 3.714 случаи со Ковид-19

Во земјава досега се регистирирани 10.754 заразени од коронавирус, починаа 486, а се излекуваа 6.554 лица. Во моментов се активни 3.714 случаи.

Од почетокот на епидемијата, досега, се направени 102.317 тестирања на Ковид-19. Се уште се на сила мерките за носење заштитна маска, негрупирање и држење дистанца. Донесени се и протоколи за функционирање во речиси сите области.

Најмногу активни случаи се уште се бележат во Скопје каде има  1.488 случаи, во Куманово се активни 246, Дебар 108, Штип 425, Прилеп 53, Тетово активни 226, Струга 195, Велес 18, Битола  72, Охрид 84, во Кавадарци се активни 43, Гостивар 260, Гевгелија 11, Струмица 20, Крива Паланка 10, Радовиш 23, Крушево 9, Кочани 23, Пробиштип 20, Демир Хисар 27, Македонски Брод 16, во Берово се активни 2, Виница 10, Делчево 4, Кратово 7, Свети Николе 175, Кичево 102, Ресен 32 и Неготино 5 случаи.

По општини во Скопје најмногу активни случаи има во Чаир и Аеродром, по 171, во Бутел 97,  Гази Баба – 145, Центар – 130, Карпош – 136, Сарај – 78,  Кисела Вода – 157, Ѓорче Петров – 107, Студеничани – 64, Шуто Оризари – 117, Арачиново – 26, Илинден – 23, Петровец – 18, Чучер Сандево – 9, Сопиште – 23, Зелениково- 7, странци – 4 и петмина се нераспределени.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани девет возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и едно дете позитивно на вирусот, како и осум пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Имено, Комисијата за заразни болести одржа состанок со претставници од Министерството за труд и социјална политика на кој се разговарало за почеток на функционирањето на градинките.

– Заклучокот е дека Комисијата препорачува МТСП и општините да изнајдат решение за просторните капацитети. МТСП да дадат предлог датум за отварање на градинките, согласно можноста за исполнување на условите за спроведување на протоколите кои ги изработи Комисијата за заразни болести, соопштија од Министерството за здравство.

екологисти и ученици

Работната група на Министерството за образование и наука ќе има средба со Комисијата за заразни болести во вторник или среда, за да се утврди конечна верзија на плановите и протоколите како да се одвива наставата од 1 септември во услови на епидемија од Ковид-19.

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска за МИА изјави дека работната група и за време на продолжениот викенд ќе работи за да ги финализира сите детали во документите што ќе им бидат претставени на членовите во Комисијата со која и досега имале консултативни средби.

Конечната верзија, како што рече, потоа треба да помине на седница на Влада, можеби уште на првата закажана по празникот – в среда, и се надева дека до петок усвоената верзија веќе ќе им биде пратена на училиштата за да се подготват и приспособат според своите услови. На 10 август ќе биде презентирано и за јавноста.

-Имаме модели и оставаме самите локални самоуправи, кои имаат и кризни штабови, да направат проценка кој модел што ќе го понудиме и во кој период ќе биде корисен според епидемиолошката слика. Наш генерален став, како и во повеќето земји во светот, е наставата да се организира со физичко присуство на учениците и со почитување на мерките за заштита. Тоа ќе зависи и од средината, дали има или нема заболени од вирусот. Нема да биде проблем за помалите и руралните средини со помал број ученици. Наставата со физичко присуство ни е важна за основците, особено за најмалите, од прво до трето одделение, кои не може да се описменуваат прелу компјутер, а има и родители кои не можат или не знаат да им помогнат. Тука е многу важна и социјализацијата на тие деца, изјави Наумовска.

Онаму каде што ќе има учење од далечина, рече таа, не значи дека моделот е-настава ќе се применува во текот на целата учебна година, туку додека трае опасноста од вирусот и ќе може да се преминува од еден во друг модел.

Комбинираната настава би се применувала со ротации на учениците од една паралелка – едни кои ќе одат во училиште и други кои од дома онлајн и во исто време ќе ја следат наставата. Ротирањето би било на две недели. Така би се растоварил и превозот на учениците, зашто протоколите за превоз, исто така, налагаат најмногу 50 отсто исполнетост од капацитетот на возилото.

– Во мали и рурални средини во одделение има од четири до шест ученици кои физички може да бидат присутни во училиштето, така што комбинираната настава е во план за поголеми паралелки кои се и најголем проблем. За оние со максимален број, 34 ученици, во Скопје и во други големи градови ќе бараат, рече Наумовска, општините да помогнат со дополнителен државен простор каде што учениците ќе може да бидат распоредени.

Независно кој модел на настава ќе биде избран, предвидено е часовите да бидат скратени, а за најмалите да траат 20 минути. За е-настава ќе се дефинира платформа што ќе се применува на ниво на училиште, но може да се разликува од едно до друго училиште. За наставниците да бидат исто ангажирани во онлајн-наставата и за да нема оправдувања дека немале опрема или интернет-пристап, се предлага наставата од далечина да ја реализираат од училиштето.

Откако ќе бидат донесени протоколите, директорите на училиштата ќе имаат една недела да направат план за своето училиште според насоките од МОН затоа што, рече Наумовска, тие најдобро ја знаат состојбата на свој терен и како најдобро да ја изменаџираат состојбата.

– Најважно е што за секој модел на настава учениците ќе бидат безбедни доколку се следат насоките и бидат почитувани протоколите за заштита, нагласи заменик-министерката за образование и наука.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, информираше дека прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници се продолжуваат до 15 август.

The post Рекордни 534 оздравени лица, во моментов активни 3.714 случаи со Ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Рекордни 534 оздравени лица, во моментов активни 3.714 случаи со Ковид-19 was first posted on август 1, 2020 at 8:22 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....