12.8 C
Скопје
10:51 - 4 мај, 2024

Првото јавно појавување на Бајден и Харис: На Америка и треба лидерство (ФОТО+ВИДЕО)

Камала Харис, која ќе биде кандидат на демократите за потпретседател на САД во претседателската трка на Џо Бајден, првпат се појави во јавност со него, еден ден откако беше именувана како кандидат.

Харис и Бајден заедно учествуваа на предизборниот собир во средното училиште во Вилмингтон, во неговата родна држава Делавер.

Тие одржаа виртуелна седница на градското собрание во хотелот од кој Бајден ја покрена кампањата за Сенатот во 1972 година.

Настанот беше затворен за јавноста заради пандемијата на коронавирусот, а Бајден и Харис се појавија на бината носејќи маски, пренесува Би-Би-Си.

Џо Бајден рече дека изборот кој ќе биде направен во ноември ќе ја одлучи иднината на Америка за многу долг период.

– Доналд Трамп веќе почна со нападите, велејќи дека Камала е непријатна, се жалеше дека лошо се однесувала спрема неговите соработници, рекол Бајден.

Фото: EPA-EFE/USA BIDEN HARRIS HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Камала Харис истакна дека ова е моментот за вистинските последици на САД.

– Станува збор за се што ни е важно, нашата економија, здравје, деца, државата  во која живееме, додала таа.

Фото: EPA-EFE/BIDEN HARRIS CAMPAIGN / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Харис истакна дека на Америка и треба лидерство, а сепак има претседател кој повеќе се грижи за себе и луѓето кои гласале за него.

Од девојче кое поради црната боја на кожата никој не го дружел, до историска кандидатура за потпретседател на САД

The post Првото јавно појавување на Бајден и Харис: На Америка и треба лидерство (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Првото јавно појавување на Бајден и Харис: На Америка и треба лидерство (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on август 13, 2020 at 9:26 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....