3.8 C
Скопје
02:50 - 17 ноември, 2024

Протестен марш во Минск: Полицијата ги спушти штитовите во знак на солидарност со демонстрантите (ВИДЕО)

Неколку илјади демонстранти се собраа на плоштадот Независност во Минск, барајќи оставка на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, јави ТАСС.

Најголем ентузијазам предизвика белоруската полиција, која ги спушти штитовите пред демонстрантите кои се собраа во близина на зградата на владата во Минск, јавува дописникот на „Спутник“.

Демонстрантите го поздравија потегот на полицијата. Жени пристапуваат кон полицијата, ги гушкаат и им даваат цвеќиња. Многумина се фотографирани со припадници на специјалните сили. Полициските вооружени сили не реагираа на тоа, но се ракуваа со демонстрантите.

Белорусија ги одржа претседателските избори на 9 август, а сегашниот претседател Александар Лукашенко обезбеди нов мандат со 80,08 проценти од гласовите, додека неговиот главен ривал, Светлана Тихановска, доби 10,09 проценти поддршка на гласачите.

Насобраните извикуваа „Света (Светлана Тихановскаја) е наш претседател“, „Полицијата е со народот“, „Пребројте ги гласовите“, „Оди си“.

Дописникот на Спутник јавува дека воената опрема и полициските возила влегуваат на плоштадот Независност.

Вака белоруската полиција ги понижува уапсените: Крвави и помодрени, принудени да се одречат од кревање револуција (ВИДЕО)

Мирен протест се одржува и во Витебск, на кој учествуваат неколку стотици граѓани.

Демонстрантите собраа околу 700 потписи за петиција во која се бара да бидат поништени резултатите од гласањето во Витебск, насилството да биде запрено и уапсените да бидат ослободени.

На насобраните им се обрати градоначалникот на Гродно, кој не сакаше да зборува за легитимноста на изборите, но ги повика демонстрантите мирно да протестираат.

По објавувањето на резултатите од изборите, за кои демонстрантите веруваат и приложуваат докази дека се украдени, во многу градови низ целата земја избувнаа масовни протести и некои ескалираа во брутални судири со полицијата.

Страотни сцени од Минск: Полицијата пука во народот (ВИДЕО)

Досега две лица ги загубија животите за време на протестите, а се појавија и снимки од тоа како демонстрантите биле малтретирани од полицијата. 

Нехумани услови и малтретирање: Белоруските власти ги ослободуваат притворените демонстранти (ФОТО)

Денеска претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги негираше извештаите дека избегал од земјата по масовните протести против неговото авторитарно владеење, јави локалната новинска агенција „Белта“.

„Прво на сите, би сакал да им кажам дека сè уште сум жив, и не сум во странство, спротивно на она што го велат нашите националисти. Денеска е 14 август и ние сме тука да разговараме за работата на градежната индустрија”, изјави тој.

The post Протестен марш во Минск: Полицијата ги спушти штитовите во знак на солидарност со демонстрантите (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Протестен марш во Минск: Полицијата ги спушти штитовите во знак на солидарност со демонстрантите (ВИДЕО) was first posted on август 14, 2020 at 6:49 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....