17.8 C
Скопје
22:23 - 30 април, 2024

Проф. Д-р Пановски: Во време на Ковид-19, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ е реалност

Се согласувам со препораката маски да се носат, но гледам дека тоа не се почитува во целост. Сметам дека населението се умори од мерките и сега доаѓаме до ситуација, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ да е вистина, изјави во гостувањето на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, проф. д-р Никола Пановски.

Околу собирањата на литургии, погреби, џамии и цркви, Пановски вели дека овие институции и форми на собирања, веќе очигледно е дека за жал претставуваат втора власт во државава.

-Факт е дека огромен број на луѓе веруваат во оџите, поповите, свештениците дека вирусот во светите објекти не може да се прошири. И тука ништо не може да направиме, освен да советуваме. Ако 95% од вирусот се шири внатре во домовите, треба мерките да се менуваат. Треба да се мониторира како се вршат тие семејни контакти и каде се шири вирусот. Ако видиме дека во ниеден маркет и во ниеден парк, ниту еден кеј не се пренел вирусот, ајде да одиме таму каде што се пренесува. Тоа се места каде што луѓето пејат, викаат, седат подолго време. Маските се ОК, но кога ќе се соберат луѓето тоа не го почитуваат, вели д-р Пановски.

Околу начинот на лекување и контроверзите кои го следат овој процес, Пановски смета дека се уште нема некоја конкретна терапија, а во однос на вакцините за оваа болест додава дека се уште е прашање дали треба да се брза. Ако со употреби за една година успехот или катастрофата (доколку не е успешна и нус-појавите) ќе го видиме за 2-3 години.

Околу зголемениот број на смртноста кај младите луѓе Пановски смета дека тоа е микс од повеќе работи.

-Нездравиот начин на живот и стрес е причина за поголемата смртност кај младите од кардио-васкуларни болести. Каде што главен спорт ви е кладилница, помешано со загаден воздух, ова и е очекувано.

 

The post Проф. Д-р Пановски: Во време на Ковид-19, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ е реалност appeared first on Слободен печат.


Проф. Д-р Пановски: Во време на Ковид-19, тезата „еден будала може да расипе 1000 луѓе“ е реалност was first posted on мај 22, 2020 at 9:20 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....