3.8 C
Скопје
23:39 - 20 декември, 2024

Приказната на легендарното „фиќо“: Доволно пространо за семејство со поплиток џеб, доволно отмено за дама во скапа бунда

Пред 65 години од производната лента на „Застава“ во Крагуевац се симна првото „фиќо“, кое по лиценца на италијанскиот „Фиат“ се произведуваше следните 30 години. Вкупното производство на погонот изнесувал 923.487 примероци, со што „застава 750“ беше еден од најпопуларните автомобили на патиштата во бивша Југославија.

Матурантите од Травник успеале во „фиќото“ да “пикнат“ дури 26 лица. Вратите биле затворени, но не и прозорците, а задното седиште преклопено. Така ја освоиле главната награда „фиќо 750“, подарок од производителот „Црвена застава“ од Крагуевац. Освоеното „фиќо“ го продале, а со парите си го финансирале своето матурско патување низ Македонија/фото:Instagram

 

„Фиќото“ е меѓуградско возило. Ако не верувате, прашајте ги постарите: тие со „фиќото“ оделе таму каде што денес се оди со авион“, беше рекламниот слоган на „Застава“.

Instagram

Колата е изработена по италијанска мерка, темпераментен за својата класа, наменет, пред сѐ, за купувачи со помал буџет. Мал, економичен автомобил, доволно простран за семејство со поплиток џеб и доволно отмен за дама во скапа бунда која со голем автомобил не може да се снајде во градот“, напиша Југопапир на 30-годишнината од производството на „фиќото“.

Instagram

Во 1955 година биле склопени 25 возила. Оттогаш до крајот на 1984 година од лентата се симнале 902.347 автомобили.

Instagram

Веќе во 1960 година стариот мотор од 633 кубика е заменет со нов и посилен мотор од 750 кубика. Тогаш во ознаката 600 додадено е една буква „Д“. Четири години подоцна „фиќото“ го добива официјалното име „застава 750“. Во 1968 вратата беше свртена „наопаку“.

Instagram

Две години подоцна „Фиат“ престана да го произведува овој модел, иако дотогаш на купувачите им испорача два и пол милиони возила.

Instagram

Дури и најјаката верзија на „фиќото“ немаше никакви застрашувачки перформанси. Фиќото 850 може да развие 125км/час, а до 100 км забрзува мошне долго. Но сепак, имаше свои купувачи. Мал, згоден за возење низ град, а и издржлив.

Instagram

А нашиот народ го ставаше на секакви маки. Познато е дека го користел за погон за мешалка за бетон, дека влечел товар потежок од него и дека му прицврстиле чистач за снег. Сето тоа „фиќото“ стоички го издржа. „Фиќото“ ја има таа сатисфакција дека на него повеќето Југословени научиле да возат, дека со години бил единствениот домашен тркачки автомобил. Пред петнаесетина години двајца авантуристички расположени пријатели со „фиќото“ од Белград стигнале до Индија. Без ниту еден дефект. Не се работи за пропаганден трик – овој подвиг не го поттикна фабриката“, пишуваше Југопапир.

Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram

View this post on Instagram

Tako su maturanti osvojili glavnu nagradu, automobil Fićo, Zastava 750, poklon proizvođača tvornice Crvena zastava iz Kragujevca. Ako vas zanima što je bilo s Fićom i kako je puno osoba raspolagalo jednom nagradom evo i nastavka – maturanti su osvojeni automobil Fiću prodali, a novcem od prodaje financirali su svoje maturalno putovanje po Makedoniji. #zastava750 #zastava750le #zastavafanclub #zastavafico #zastavafica #zastava #zastava850 #fiat600 #fiat600club #fiat600d #fiat850abarth #fiat600multipla #fiat #seat600d #seat600 #seat600abarth #fico #fićo #fica #fića #exyugoslavia #oldtimer #zastavakombi #zastava435kl #zastava435k #zastava435ak #zastava850ak #sarajevo #yugoslavia ? @fica.ba

A post shared by FICA.ba (@fica.ba) on

The post Приказната на легендарното „фиќо“: Доволно пространо за семејство со поплиток џеб, доволно отмено за дама во скапа бунда appeared first on Слободен печат.


Приказната на легендарното „фиќо“: Доволно пространо за семејство со поплиток џеб, доволно отмено за дама во скапа бунда was first posted on октомври 19, 2020 at 2:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....