14.1 C
Скопје
19:56 - 3 мај, 2024

Лекарски преглед па самоизолација, секој нов затвореник е ризик за епидемија во затворите

Ристо Новачевски, кум од првиот брак на екс премиерот во бегство Никола Груевски од денеска па во следните десет дена во истражниот затвор “Скопје” крај населбата Шуто Оризари ќе мине 10 дена во карантински оддел, а дури потоа ќе биде одлучено во кој Оддел на затворот ќе биде спроведен.

Овие 10 дена за Новачевски се неизбежни, а служат затворските власти да се осигурат дека тој не е позитивен на ковид-19 и нема вирусот да го пренесе меѓу притворениците.

Директорот на затворот Еско Рахиќ за “Слободен печат” вели дека по извршениот лекарски преглед во затворската институција Новаковски ќе биде неколку дена во самоизолација, поточно сам во затворска просторија.

На другата страна од Скопје, во најголемиот затвор во земјава “Идризово” и изминаа двете недели во карантин на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Таа во затворот беше спроведена на 28 минатиот месец. Во “Идризово” треба да одлежи затворска казна од 4 години, за случајот „Тенк“. Покрај Јанкуловска, во овој предметот за виновни се прогласени Ѓоко Поповски, кој веќе ја извршува казната и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија и кој е осуден на две години затвор.

Против поранешната министерка за внатрешни во Кривичниот суд има уште два други предмети, „Таргет – Тврдина“ и „Титаник“, кои се однесуваат на злоупотреба на службената должност.

Директорот за затворот “Идризово” Александар Донев вели дека поради другите судски предмети кои се во тек против Јанкулоска таа веќе е сместена во В-2 групата. Тоа, според Донев значи дека таа не може да користи слободен ден или викенд денови, а каде и да оди во затворскиот објект е придружувана од затворски чувар.

Кумот на Груевски спроведен во „Шутка“ (ГАЛЕРИЈА)

The post Лекарски преглед па самоизолација, секој нов затвореник е ризик за епидемија во затворите appeared first on Слободен печат.


Лекарски преглед па самоизолација, секој нов затвореник е ризик за епидемија во затворите was first posted on октомври 19, 2020 at 3:48 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....