-5.2 C
Скопје
05:52 - 25 ноември, 2024

Претседателот Пендаровски го испрати првиот контингент на Армијата во мисијата на НАТО (ВИДЕО)

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска во Касарна „Илинден” – Скопје, присуствуваше и се обрати на церемонијата на испраќање на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата предводена од НАТО – КФОР, на Косово.  

Првиот контингент се состои од  44 припадници кои ќе работат како штабни офицери во главната команда во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад. Нашиот придонес ќе продолжи да расте во тек на 2021 година – веќе во следната ротација, планот е бројот на припадници во КФОР да се зголеми на над 60 припадници, а од идното лето заедно со нашиот долгогодишен партнер Националната гарда на Вермонт од САД, надвор од воспоставените ротации придонесот во период од 9 месеци да се зголеми со над 100тина припадници на Армијата. Вкупно од идното лето во мисијата КФОР ќе придонесуваат околу 180 наши војници, подофицери, и офицери.

Претседателот Пендаровски, премиерот Заев и министерката Шекеринска им се заблагодарија на припадниците на Армијата за сето она што го покажаа досега во учеството во мировни мисии и претставувањето на нашата татковина во вистинско светло како доверлив и посветен партнер, а сега и сојузник и им порачаа да бидат безбедни, да дадат сè од сега и живи и здрави да се вратат дома по шест месеци.

-Република Северна Македонија стана пример како со јасна политичка волја и стратешка визија за иднината на државата и народот, може да се исчекори напред и од држава на која ѝ беше потребна надворешна асистенција и помош, да се трансформира во држава која е фактор на стабилност во регионот и почитуван сојузник во најсилната политичко-воена алијанса во историјата на светот. Во оваа прилика сакам да истакнам дека тоа е заслуга на сите досегашни политички гарнитури кои немаа дилема за насоката по која треба да се движи земјата и постојано вложуваа во опремување и модернизација на армијата. Тоа е заслуга и на војниците и старешините кои во континуитет вложуваа во своето усовршување, но пред сè е резултат на волјата на нашите граѓани кои во огромен број ја поддржуваа стратешката цел да станеме дел од овој воено-политички сојуз. Иако времето е кусо, придобивките од членството во НАТО се веќе видливи во покажаната солидарност за време на пандемијата, како и во заедничкото спротивставување на хибридните закани кои стануваат се повидливи. Се разбира, никој нема илузии дека членството во НАТО ќе ги реши сите наши проблеми, но, без сомнение, станува збор за клучна претпоставка за понатамошен развој и просперитет на земјата, истакна меѓу другото Пендаровски.

The post Претседателот Пендаровски го испрати првиот контингент на Армијата во мисијата на НАТО (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Претседателот Пендаровски го испрати првиот контингент на Армијата во мисијата на НАТО (ВИДЕО) was first posted on октомври 17, 2020 at 1:56 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....