12.8 C
Скопје
04:42 - 15 мај, 2024

Царовска: Пристапот до квалитетно образование е најдобра превенција од сиромаштијата

Пристапот до квалитетно образование е најдобрата превенција од сиромаштијата, затоа како министерка ја продолжувам мојата силна заложба за искоренување на сиромаштијата и подобрување на условите за учење во државата. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во видео обраќањето по повод одбележувањето на 17 октомври -Меѓународниот ден за борба против сиромаштија.

-Немањето пристап до добро образование е директно поврзано со сиромаштијата. Наш врвен приоритет е да обезбедиме еднаков пристап до учење на сите деца и да го подобриме квалитетот на целиот образовен процес преку низа реформи. Со ова директно ќе ги подобриме шансите за развој, вклучување во општеството на секое дете и негово вработување по завршувањето на образованието, рече Царовска.

Годинешниот Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата се одбележува во исклучителни услови. Светската пандемија дополнително го истакна социјалниот јаз во земјите и потребата да вложуваме во образованието за да ја намалиме сиромаштијата.

-МОН ги повикува сите партнери да продолжиме да работиме неуморно за да ги совладаме сите предизвици. Да ги исправиме сите неправди и да овозможиме еднаков пристап до квалитетно образование за секое дете. Пред нас е многу работа и многу реформи кои мора да ги спроведеме час поскоро. Пандемијата ни го отежнува секојдневниот живот и работењето, но ни помогна во неколку работи. Да ја забрзаме дигитализација, да ги забрзаме реформите и да го раздвижиме целиот образовен систем, рече Царовска во обраќањето.

Министерката Царовска по повод 17 октомври минатата недела го посети ОУ „Панајот Гиновски” во Општина Бутел кадешто со првачињата читаа сликовници со едукативни содржини и разговараа за тоа колку учењето е важно.

The post Царовска: Пристапот до квалитетно образование е најдобра превенција од сиромаштијата appeared first on Слободен печат.


Царовска: Пристапот до квалитетно образование е најдобра превенција од сиромаштијата was first posted on октомври 17, 2020 at 10:43 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....