27.8 C
Скопје
14:43 - 8 мај, 2024

ПРЕД ЕГЗЕКУЦИЈАТА: Последните зборови и оброци на некои од најсуровите криминалци (ФОТО)

„Какво е чувството да нарачате последно нешто што ќе го изедете пред да ви биде извршена смртната казна за кривично дело што можеби не сте го сториле?“ Одговорот на ова прашање го најде американскиот фотограф Џеки Блек. Во написот на Би-Би-Си, таа собира информации за некои од најбруталните криминалци во американската историја осудени на смрт. Блек ја опишува нивната професија, образование, нивните последни зборови и храната што ја нарачале неколку минути пред да бидат погубени.

„Ако можеме да го замислиме моментот пред овој оброк, веројатно ќе го почувствуваме искуството. Можеби ќе ги доведеме во прашање сопствените мотиви и соучесништво со правосудниот систем. Можеби можеме да започнеме да сочувствуваме со осудениот “, рече Блек.

Дејвид Вејн Стоукер

Осуден за: Вооружен грабеж и убиство
Дата на екзекуцијата: 16 јуни 1997 г.
Образование: 8 години (основно)
Професија: Дрводелец
Последни зборови (упатени кон блиските на жртвата): “Исклучително многу жалам за вашата загуба, но сакам да знаете, дека не сум убил никого“.

Антони Реј Вестли

Осуден за: Вооружен грабеж и убиство
Дата на екзекуцијата: 13 мај 1997 г.
Образование: 8 години (основно)
Професија: Општ работник
Последни зборови: „Не сум убил никого, ве сакам!”

Џералд Ли Мичел

Осуден за: Дрога, грабежи, убиство на две лица
Дата на екзекуцијата: 22 октомври 2001г.
Образование: 10 години (колеџ)
Професија: Дрводелец
Последни зборови: „Жалам за болката која ви ја предизвикав. Жалам што одземав човечки живот и го молам Бог да ми прости. Ве молам и вас да го сторите истото и да ми простите. Знам дека е невозможно да верувате, но навистина жалам за стореното. А што се однесува до моето семејство – ве сакам! Бидете силни! Мојата љубов ќе биде секогаш со вас.”

Роберт Антони Маден

ПОСАКАЛ ПОСЛЕДНОТО НЕГОВО ЈАДЕЊЕ ДА БИДЕ ДАДЕНО НА БЕЗДОМНИК.

БАРАЊЕТО НЕ МУ БИЛО ПРИФАТЕНО.

Осуден за: Дрога, упад и убиство на две лица на особено болен начин
Дата на екзекуцијата: 28 мај 1997 г.
Образование: 12 години (колеџ)
Професија: Готвач
Последни зборови: “Се извинувам и жалам за загубата! Јас не ги убив овие луѓе. Се надевам дека сите ќе го свртиме грбот на омразата и одмаздата и ќе се предадеме на многу поголеми вредности. Им простувам на сите во овој процес кои не се во право”.

Џони Франк Гарет

Осуден за: Силување и убиство на 76-годишна калуѓерка
Дата на екзекуцијата: 11 февруари 1992 г.
Образование: 7 години (основно)
Професија: Општ работник
Последни зборови: “Сакам да му се заблагодарам на моето семејство што ми даде толку многу љубов и никогаш не ме изневери. А останатите – можете да ме бакнете одзади“.

*Белешки: Интересно во случајот на Гарет е што тој првично требаше да биде погубен на 6 јануари 1992 година, но папата Јован Павле Втори побара милост. На последователното рочиште за случајот Гарет, беше донесено одлука со 17 гласа дека треба да биде погубен.

Џејмс Расел

Осуден за: Киднапирање, силување и убиство
Дата на екзекуцијата: 19 септември 1991 г.
Образование: 10 години (колеџ)
Професија: Музичар
Последни зборови: Неговиот последен говор траеше 3 минути, но не беше снимен.

 

 

The post ПРЕД ЕГЗЕКУЦИЈАТА: Последните зборови и оброци на некои од најсуровите криминалци (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


ПРЕД ЕГЗЕКУЦИЈАТА: Последните зборови и оброци на некои од најсуровите криминалци (ФОТО) was first posted on август 19, 2020 at 10:31 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....