22.8 C
Скопје
14:43 - 27 април, 2024

Полјаците се само набљудувачи во размонтирањето на нивната демократија

Меѓународното внимание во моментов е свртено кон Белорусија, но многумина сметаат дека состојбата станува алармантна и во соседна Полска, кога станува збор за кршење на човековите права и гушењето на демократија.

Во текстот објавен во неделникот „Култура либерална“, а кој потоа беше пренесен од „Гардијан“, авторите Јарослав Куиш и Каролина Вигура, предупредуваат дека во моментов полските државјани се само неми набљудувачи на секојдневното размонтирање на демократијата во нивната земја. Двајцата се согласни дека првенците на владејачката партија Закон и Правда(ПиС) воспоставиле нов политички систем, кој уште долго време може да ги држи заробени демократските процеси во земјата.

Минатиот месец претседателот Андзеј Дуда оствари нова, убедлива победа на изборите, добивајќи нов мандат од граѓаните. Во кампањата тој и неговите истомисленици извршија невиден притисок врз слободните медиуми, а главниот акцент на пораката до електоратот беше ставен во обидот да се спречат било какви услови за зголемувањето на правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Реториката беше засилена и со дела, откако ЛГБТИ активистите се кренаа на демонстрации, по што многумина од нив беа апсени и обвинувани за кршење на редот и мирот. Сепак, Дуда пред самиот крај на кампањата, во пресрет на предизборниот молк даде една мистериозна изјава, која многумина се уште можат да ја дешифрираат.

– Доколку некој е навреден од моите кации и зборови, не само во текот на кампањата, туку во текот на мојот петгодишен мандат, тогаш му се извинувам – изјави претседателот.

Дуда водеше брутална антигеј кампања, а ниту една порака на опизициските лидери не успеа да се најде во главните полски медиуми. Сепак, Дуда на крајот им се извини на сите.

– Дел од анлаитичарите сметаат дека тој во моментот сакал да ја намали поларизацијата во општеството, давајќи сигнал дека е време за промени, кои ќе донесат помирување. Но, Дуда воопшто не сака да се извинува. Наше мислење е дека тој воопшто не испраќа гандиевска порака, туку се обидува да игра според рецептот на Оскар Вајлд. Вајлд во една прилика има порачано, дека твоите непријатели најмногу ги нервира твоето извинување – тврдат авторите на анализата.

Државник + популизам = популидржавништво

Но говорот на Дуда е само една мала епизода од целата „какафонија“ на изјави, оркестрирана од лидерот на ПиС и поранешниот премиер на Полска, Јарослав Качински. Авторите на аналзита сметаат дека популизмот добил своја надградба, која тие ја нарекуваат „популидржавништво“.

Јарослав Куиш и Каролина Вигура сметаат дека „популидржавништвото“ само по себе подразбира силна реторика од политичарите, но во исто време и гаранција дека се тоа што ќе биде изговорено во кампањата не треба да се третира како сериозно.

Покрај полските политичари, оваа дефиниција потполно му одговара на американскиот претседател Доналд Трамп, на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, како и на холандскиот политичар Тјери Боде. Во суштината на нивната политика е дека медиумите се претвораат во театар на ниввниот перформанс кој трае без прекин, со единствена цел да се држи вниманието на електоратот.

Се разбира дека забавниот концепт како алатка во политичкиот маркетинг не е нова категорија. Се сеќаваме дека Бил Клинтон свиреше саксофон во предизборието, а од шоубизнисот во политиката вистинско „уметничко“ дело направи Силвио Берлускони, поранешниот премиер на Италија.

Цел: потполна субординација на институциите

Во Украина видовме како актерот Володимир Зеленски со хумор и сатира успеа да победи на претседателските избори. Но „популидржавништвото“ често претставува страв, вџашеност и стрес.

Затоа стратегијата на ПиС во Полска претставува класичен пример. Постојано се водат кампањи, кога се шират лажни вести дека опозицијата во својата програма предвидува икување на „дечјиот додаток“, или дека ЛГБТИ заедницата, но не ретко и германското или еврејското малцинство работат против државата. Прво се прави напад, а потоа се повикува на разумност пред заедницата. Затоа Дуда прво ги нападна припадниците на ЛГБТИ заедницата, а потоа им се извини.

Најголемата последица од политиката на „популидржавништвото“ е маргинилизацијата на вистината од очите на јавноста.

Но, тоа не е само политички стил, туку во себе крие и агенда. Популиститие посакуваа потполна субординација на институциите под својата волја, а истото важи и за медиумите, кои би требало да одговараат на секој акција на малиот круг на моќта кој го репрезентатира политичкото водство на партијата или самите личности на премиерот или претседателот.

The post Полјаците се само набљудувачи во размонтирањето на нивната демократија appeared first on Слободен печат.


Полјаците се само набљудувачи во размонтирањето на нивната демократија was first posted on август 22, 2020 at 8:23 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....