21.8 C
Скопје
13:02 - 28 март, 2024

И вакцината против ковид-19 на БиоНТеч даде позитивни резултати

Втората потенцијална вакцина против новиот тип коронавирус, која ја разви германската биотехнолошка компанија БиоНТеч, дала позитивни резултати во текот на првата фаза од клиничкото испитување.

Според вестите објавени на страницата Clinical Trials Arena, завршена е првата фаза од клиничките испитувања на потенцијалната вакцина под име “BNT162b2”, која ја разви компанијта БиоНТеч во Германија, а за која американската комапнија Фајзер доби дозвола за производство, пренесува Андолија.

Во рамки на испитувањето, во кое е тестирано делувањето на вакцината на безбедноста и имунитетот, утврдено е дека две дози од 30 микрограми примени во период од седум дена кај испитаниците на возраст од 18 до 55 години, произведуваат 3,8 пати повеќе антитела и имунолошки клетки во однос на оние кои се опоравуваат од ковид-19.

Тестирање во САД, Бразил и Аргентина

Кај испитаниците на возраст од 65 до 85 години има 1,6 пати поголемо имунолошко влијание во однос на оние кои се опоравуваат од ковид-19.

По позитивните резултати, се планира пошироко испитување на кандидатите за вакцина во втора и трета фаза, која ќе биде спроведена во САД, Бразил и Аргентина.

Првата потенцијална вакцина “BNT162b1”, која ја разви компанијата БиоНТеч, ги помина испитувањата во Германија, а после тоа е извршена втора и трета фаза во Кина и САД.

Во Аргентина на 10 август почна тестирањето врз луше на потенцијата вакцина “BNT162”, која е развиена во соработка со американската фармцевтска компанија Фајзер и биотехнолошката компанија БиоНТеч, чиј коосновач е турскиот научник Угур Сахин.

 

The post И вакцината против ковид-19 на БиоНТеч даде позитивни резултати appeared first on Слободен печат.


И вакцината против ковид-19 на БиоНТеч даде позитивни резултати was first posted on август 21, 2020 at 9:02 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....