24.8 C
Скопје
09:26 - 18 јуни, 2026

Полицијата влезе во Инфективната клиника во Косово: Пет пациенти починале за една ноќ, сите делеле еден респиратор? (ВИДЕО)

Пет пациенти заразени со коронавирус починале од полноќ до сега на Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар во Косово, пишува Koха.

Поради влошувањето на сосотјбата со епидемијата, на Клиниката за инфективни болести собрани се сите челници од Универзитетскиот клинички центар, меѓу кои и директорот, од кого се очекува да се обрати на јавноста и да објасни што се случува.

Од утрово зајакнати се полициските сили во дворот на клиничкиот центар. Косовската полиција ја опкружи Клиниката за инфективни болести. Според непотврдени информации на Коха, на клиниката има проблем со респираторите, односно повеќе пациенти делеле ист респиратор и тоа е причина за зголемениот број мртви. Телата на починатите се земени на обдукција за да се проверат причините за смртта, односно да се провери дали имало лекарска грешка во лекувањето на пациентите.

Министерот за здравство Арменд Земај е виден како го напушта Клиничкиот центар, но не дал изјава за медиумите.

Во саботата починаа осум пациенти со Ковид-19 во Косово, а имаше 178 новозаразени.

 

Фото: Коха.нет

The post Полицијата влезе во Инфективната клиника во Косово: Пет пациенти починале за една ноќ, сите делеле еден респиратор? (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Полицијата влезе во Инфективната клиника во Косово: Пет пациенти починале за една ноќ, сите делеле еден респиратор? (ВИДЕО) was first posted on јули 5, 2020 at 4:23 pm.

Слични објави

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо
Се вчитува....