2.8 C
Скопје
17:13 - 22 декември, 2024

Пендаровски: Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, ги повикувам Заев и Мицкоски да најдеме излез од кризата

Претседателот Стево Пендаровски на денешната прес конференција соопшти дека нема потреба да прогласува нова вонредна состојба во земјава.

– Последниве денови се наметна дилемата дали е можно воведување вонредна состојба само на барање на Владата или претседателот може сам. Во тој дел Уставот е јасен, претседателот може и без барање на Владата да прогласи вонредна, но тоа не го направив, бидејќи сум убеден дека институциите не смеат да бидат изолирани во носење сериозни одлуки. Имајќи ги причините за претходните вонредни, сега нема нема потреба да прогласам нова вонредна состојба. Има доволно количини на заштитна опрема и економски мерки за националана економија. Во прилог на тоа е што Владата не достави формално барање за нова вонредна состојба. Споредбите кои се прават со бројот на заразени и починати со вонредните состојби се без основа, бидејќи ниту една не беше воведена од тие причини. За полициски час, кризната состојба постои законска регулатива и нема потреба од вонредна за истите да се применуваат. Друга заблуда е дека вонредната има врска со датумот за изборите. Избори може да се органзираат и за време на вонредна само треба Владата да напише, изборните рокови течат и за време на вонредната состојба – изјави шефот на државата.

Тој нагласи дека изборите се неопходни заради функционален парламент и легитимна влада.

– Знам дека граѓаните не размислуаат за избори во време на пораст на заболени, сепак се неопходни за функционален парламент и легитимна влада. На таа тема имав комуникација со лидерите на политичките партии и стратешки партнери. Власта и опозицијата се согласни дека ДИК треба да изготви посебни протоколи за безбедно гласање, но за жал не се приближија за став за изборите. Знаеме дека сме поларизирани по разни основи. Од март се наоѓаме во комплексна здравствена криза. Поради распуштеното Собрание имаме иницијални елементи на уставно-правна криза. Доколку не се договориме за инклузивен изборен процес ќе влеземе во длабока криза, која може да прерасне во безбедносна. Сакам да упатам повик до Заев и Мицкоски да седнеме уште денеска и да најдеме излез од оваа ситуација. Во спротивно, ќе имаме поголема внатрешна криза, при што ги доведуваме во прашање европската перспектива и напорите за излегување од кризата со пандемијата. Во изминативе три години направивме компромиси без преседан, кои ни овозможија членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Нема причина кај нас оваа криза да биде извор на нови поделби – дециден беше претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски: Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, ги повикувам Заев и Мицкоски да најдеме излез од кризата appeared first on Слободен печат.


Пендаровски: Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, ги повикувам Заев и Мицкоски да најдеме излез од кризата was first posted on јуни 12, 2020 at 12:23 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....