08:57 - 13 ноември, 2026

Кралицата Елизабета и принцот Филип се во брак 73 години, а малкумина знаат дека тие всушност се роднини

Венчавките меѓу членовите на кралското семејство претходно немале многу врска со љубовта туку со засилувањето на сојузништвото поради кое браковите се склопувани меѓу европските династии.

Принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета II вчера наполни 99 години. Нивниот брак трае веќе 72 години, но тоа што е малку познато е дека нивната врска поттекнува многу пред тоа. Тие се знаат од детството, а причината е, како што обично е случај во кралските семејства, тоа што се роднини.

Profimedia

Историски гледано, венчавките меѓу членовите на кралското семејство немале многу врска со љубовта, туку со засилувањето на сојузништвото поради што браковите главно се склопувани меѓу европските династии.

Тоа што е постигнато со оваа традиција, намерно или не, е тоа што сега повеќето членови на европските кралски семејства имаат исти предци.

instagram

Поради тоа не е изненадување тоа што кралицата Елизабета II и принцот Филип, војводата од Единбург, се блиски роднини.

Важно е да се напомене дека нивниот брак не го договориле нивните семејства, а тие двајца се поврзани и од двете страни.

И двајцата се чукунвнуци на кралицата Викторија.

Кралицата Елизабета е родена како принцеза Елизабета Александра Мери во 1926 година. Таа е најстарото дете на Алберт (кралот Џорџ VI), кој бил втор син на кралот Џорџ V. Татко на Џорџ V бил кралот Едвард VII, второто дете на кралицата Викторија.

instagram

Принцот Филип од Данска и Грчка е роден 1921 година. Неговата мајка е принцезата Алис од Батенберг, а баба принцезата Викторија од Хесе. Мајката на принцезата Викторија е принцезата Алис, третото дете на кралицата Викторија.

Тоа значи дека кралицата Елизабета II и принцот Филип имаат иста прабаба, односно се од трето роднинско колено.

Освен тоа, кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип се роднини и преку кралот Кристијан IX од Данска.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....