Тимот кој стои зад вакцијата од Оксфорд се надева дека ќе започнат тестирање на доброволци кои намерно ќе бидат изложени на вирусот во таканаречениот challenge trial односно експериментално испитување, што е потег кој се смета за контроверзен зошто не постои докажан лек против болеста ковид-19, пишува Гардијан.
Иако таквите испитувања, во кои здрави поединци намерно се изложуваат на патоген, се рутински во развој на вакцини, ваквиот пристап за ковид-19 е многу ризичен зошто не постои безбеден и ефикасен начин на лекување доколку некој од волонтерите сериозно се разболи.
Во ваквите предизвикувачки истражувања врз луѓето, доброволците намерно се изложени на вирусот во контролирано лабораториско опкружување, што значи дека тестирањето на вакцината може да биде завршено во рок од неколку недели и бара значително помал број на луѓе.
Вакцината која ја разви тим од Оксфорд веќе е успешно тестирана во првата фаза од испитувањето, кое е направено врз 1.000 доброволци, а сите детали би требало да бидат објавени во магазонпт Лансет во понеделник. Десет илјади луѓе во Бразил, Јужна Африка, Британија и САД се тестираат во таканаречената последна или трета фаза од испитувањето на вакцината.
Еден од членовите на тимот вели дека започнати се подготовки за овој контроверзен начин на испитување на вакцината, а кој ќе се одвива паралелно со третата фаза, за што ќе биде потребно само неколку десетици доброволци за да се испита ефикасноста на вакцината.
Професорот Адријан Хил, директор на Џенер Институтот на Универзитетот Оксфорд, вели дека научниците од Оксфорд работеле во лабораторија на техничките детали на подготовката за таков вид на испитување и дека се надеваат дека во рок од неколку месеци ќе ангажираат волонтери.
„Се надеваме дека тоа ќе го спроведеме до крајот на годината“, рече тој. „Тоа би можело да се одвива паралелно или по завршувањето на третата фаза. Тоа се комплементарни фази, никако не се исклучуваат“.
Голем број научници веруваат дека таквиот пристап е оправдан со оглед на тоа дека ризикот би бил многу низок за здравите млади луѓе во нивните дваесетти, и со оглед на ситуацијата со пандемијата во светот, и појавата на начини на лекување како што е оној со ремедесивир. Една неодамнешна анализа покажа дека ризикот од смрт од ковид-19 за некој во 20-тите години е еден спрема 3.000, слично на ризикот кој го има лицето кое донира бубрег.
Ваквата контроверзна одлука доаѓа по најавата дека во понеделник ќе бидат објавени многу „позитивни вести“ и се очеквуа дека тие резултати ќе покажат дека оваа вакцина не дава сериозни нус појави и дека испитаниците искажале одличен имунолошки одговор во секој аспект, и со развој на антитела и на Т-клетки. Сепак тоа не е гаранција дека вакцината штити од инфекции. Такво нешто би можело да се покаже во третата фаза од испитувањето. Освен 10.000 доброволци во таа фаза, се очекува уште 30.000 испитаници во САД. Временската рамка за третата фаза од испитувањето зависи од чекањето доволен број учесници да бидат изложени на коронавирусот во текот на секојдневниот живот, што би требало да открие дали оние кои примиле вакцина (повеќе од оние кои примиле плацебо) се заштитени. Ова може да трае со месеци во зависност од нивото на инфекција која постои во заедницата.
Хил вели дека затоа овој контроверзен начин на испитувања, “challenge trial”, било да се одвива паралелно со фазата три или непосредно после, би можел да пружи комплементарни информации за оптималното дозирање и примена на вакцините, како и дека тоа е начин да се провери колку долго трае имунитетот на вирусот по изложувањето или вакцинацијата.
Фармацевтската куќа АстраЗанека се обврза дека ќе испорача 100 милиони дози од оваа вакцина само на Велика Британија, со тоа што производствените планови веќе започнаа, а испораката е закажана за септември и октомври. АстраЗенека на САД ќе му обезбеди 300 милиони дози, а постигнати се договори и со бројни европски земји, како и со Индија за дистрибуција и производство. Најавено е правење на вкупно две милијарди дози, колку што се моменталните капацитети.
Нобеловци и угледни научници потпишаа писмо во кое наведуваат дека, ако ваквов вид на истражување биде доволно ефикасно и безбедно да се забрза процесот на развој на вакцина, тогаш постои огромна претпоставка и оправдана причина над етичкото за да се спроведе.
The post Оксфорд вакцината дополнително ќе се проверува со изложување на испитаниците на вирусот во лабораторија, за да се докаже нејзината ефикасност appeared first on Слободен печат.
Оксфорд вакцината дополнително ќе се проверува со изложување на испитаниците на вирусот во лабораторија, за да се докаже нејзината ефикасност was first posted on јули 17, 2020 at 8:44 pm.