6.8 C
Скопје
01:27 - 28 април, 2024

Околу 3.700 Швеѓани добиле грешен резултат дека се позитивни на коронавирусот

Околу 3.700 лица во Шведска добија неточен резултат дека се позитивни на коронавирусот, поради грешка во опрема за тестирање за Ковид-19, која пристигнала од Кина, објави денеска Агенцијата за јавно здравје.

Според агенцијата, опремата на компанијата БГИ Геномикс (BGI Genomics) не може да ја воочи разликата меѓу многу ниско ниво на заразеност со коронавирусот и негативниот резултат.

– Снабдувачот мора да ги прилагоди перформансите кои се потребни за користење на овој тест, рече Карин Тегмарк Висел, шефица на Одделот за микробиологија на агенцијата.

Таа додаде дека истата опрема за тестирање била извезена и во други земји, но не изнесуваше други детали.

Шведска соопшти дека погрешните резултати имале мал ефект врз статистиката за бројот на заразени со коронавирусот во земјата.

Агенцијата денеска соопшти дека, од почетокот на пандемијата, во Шведска се потврдени 86.891 случаи на коронавирус, додека 5.814 лица починале.

The post Околу 3.700 Швеѓани добиле грешен резултат дека се позитивни на коронавирусот appeared first on Слободен печат.


Околу 3.700 Швеѓани добиле грешен резултат дека се позитивни на коронавирусот was first posted on август 25, 2020 at 7:51 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....