17.8 C
Скопје
12:22 - 3 мај, 2024

Одржувањето на примирјето во Сирија ќе биде невозможно доколку Турција ги помага терористите а Русија силите на Асад

Според синоќа договореното помеѓу Ердоган и Путин, точно на полноќ во регионот околу провинцијата Идлиб во Сирија, на сила стапи прекинот на огнот меќу завојуваните страни. Судејки според првичните информации, овој договор засега се почитува.

Во реоните каде изминативе денови траеа интензивни артилериски престрелки, воздушни удари и напади со дронови, засега е мирно. Според извештаите на теренот одекнуваат спорадични пукотници пред се од лесно пешадиско вооружување, но помасовни вооружени удари засега не се регистрираат.

Забележан беше инцидентот кога на само неколку  часа пред полноќ ,туку што беше потпишан договорот за прекин на огнот, агенциите јавија за убиство на уште двајца турски војници кои загинале во престрелките со сиријските сили за безбедност.

Денешното примирје е резултат на синоќа потпишаниот договор меѓу Рускиот претседател Валдимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кои договорија од  полноќ да прекине огнот на борбени линии. Договорено е и да се постави безбедносен коридор широк 12 километри долж автопатот во тој регион. На коридорот треба заеднички да патролираат руски и турски патроли почнувајќи од 15 март.

 И како што се очекуваше, Турција и Русија уште еднаш постигнаа договор околу состојбата во Идлиб, но што се однесува до конркетните детали, нив ги има малку, или се истакнува само еден а тој е дека  од ноќеска на сила стапува  примирје или прекин на оган.

Со други зборови, Турција треба да ги спречи вооружените милитанти кои ги користи за своите операции на теренот, а Русија да ја запре офанзивата на сириската армија, на која ѝ дава воена, воздушна и логистичка подршка.

Практично, Турција и Русија уште еднаш потврдија дека судирите во Идлиб и Сирија воопшто, е нивен директен судир кој го водат преку посредници.

Состојбата изминативе денови се развива доста опасно, така што војната преку посредници ризикува да се претвори во директен вооружен судир, во кој барем засега не сакаат да се впуштат ниту Москва ниту Анкара.

Доколку пак и овој прекин на огнот пропадне, следната фаза нема да биде обновување на судирите меѓу сириската војска и милитантите, туку директен судир меѓу сириската и турската војска. Ердоган веќе најави испраќање на воени засулувања во Сирија. Ваквиот развој на настаните ќе ја врати опасноста Русија и Турција повтрно да играат на работ на меѓусебните судири.

Од друга страна, ако се одржи прекинот на огнот, следната од можните опции секако ќе биде отпочнување на жестоката дипломатска војна.

Русија, според изјавата на Путин, и натаму заговара решавање на проблемите кои би ги воделе исклучиво самите Сиријци. Оваа опција не му одговара на Ердоган, бидејќи поголемиот дел од Сирија е под контрола на Башар ал Асад, што во едни подолги преговори официјален Дамаск би го асимилирал Идлиб.

Турција и Ердоган ќе сакаат нешто друго, да се наметнат како заштитници на тамошното население и источно од реката Еуфрат да создаде протурска енклава во северниот дел на Сирија, на што Башар ал Асад жестоко ќе се спротистави.

Во секој случај, борбата за Идлиб продолжува и сите опции се во игра. Што се однесува до руско-турските односи, без разлика на пријателските тонови меѓу Ердоган и Путин, тие се сериозно нарушени. Особено што една од опциите или излезна стратегија на Ердоган доколку ексалираат состојбите, е итен повик на САД и вклучување на НАТО е нешто што Русија мора да го здеме во предвид, доколку сака да продолжи да го развива сојузништвото со Турција. Москва е е свесна дека со Турција може да се соработува, но таа соработка ќе остане за Русија подеднакво и важна и опасна.

The post Одржувањето на примирјето во Сирија ќе биде невозможно доколку Турција ги помага терористите а Русија силите на Асад appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....