4.8 C
Скопје
02:32 - 15 ноември, 2024

Од среда специјален протокол и задолжителен образец и баркод за сите туристи во Грција

Специјален образец со лични податоци, траење и адреса на престојот во Грција, ќе треба задолжително да имаат пополнето најмалку 48 часа пред пристигнувањето, сите оние кои од 1 јули планираат да патуваат во Грција, без разлика дали со авион, со брод или преку копнените граници, а ќе добијат единствен баркод (QR) според кој ќе се вршат и тестирањата за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Според протоколите за пристигнувања во Грција, задолжителни за сите, патниците ќе треба да имаат пополнето „Passenger Locator Form (PLF)”, односно образец достапен на специјалната интернет страница https://travel.gov.gr/#/. Откако во неколку чекори ќе ги пополнат сите потребни податоци, што ќе добијат единствен баркод (QR code), според кој ќе се врши и селекција на патниците и кои ќе бидат тестирани за Ковид-19.

Образецот во електронска или отпечатена верзија ќе треба посетителите да го покажат при пристигнувањето на граничниот премин, на аеродромот или на пристаништето.

Протоколите се речиси идентични без разлика дали патникот доаѓа авионски, бродски или преку копнена граница.

Доколку пристигнувањето е со автомобил, автобус, воз или слично, односно преку копнените граници, на царинската и пасошката контрола ќе се проверува баркодот на секој патник.

Во зависност од кодот на секое лице, патниците или ќе бидат однесени во делот за тестирање или ќе им биде дозволено да го продолжат патувањето кон нивната крајна дестинација, но ќе добијат информации и упатства од граничните службеници што би требало да направат во случај да им се појават симптоми, односно дека ќе треба да ја конктатираат грчката Национална организација за јавно здравје.

Доколку туристот планира да за посети неколку места во Грција, ќе мора тоа да го соопшти, како и планот за следните седум дена.

На граничните премини ќе бидат присутни мобилни единици на Национална организација за јавно здравје на Грција кои ќе ги вршат тестирањата за Ковид-19.

Според информациите на дописничката МИА од Атина, тестовите ќе се спроведуваат наменски, односно случајниот избор на лица за тестирање ќе биде согласно конкретен алгоритам и пополнетите податоци во образецот.

Тестираните лица, потребно ќе биде да останат еден ден во самоизолација во хотелот или туристичкиот објект каде што ќе бидат сместени, сѐ додека да ги добијат резултатите од тестот. Доколку е негативен ќе го продолжат одморот. Во случај да е позитивен, 14 дена ќе бидат во државен карантин во специјално одредените хотели-карантини.

Што треба да пополни секој кој планира да патува во Грција?

Образецот, односно „Passenger Locator Form (PLF)”, се пополнува електронски преку специјалната интернет страница https://travel.gov.gr/#/ . А на граничните премини може да се покаже или од мобилните телефони или во отпечатена верзија.

МИА ги пренесува чекорите за пополнување на формуларот преку копнените граници за сите оние кои планираат да ја посетат Грција.

Првото прашање се однесува на начинот на пристигнување, односно дали ќе биде по копно, со авион, со крузер или траект.

Откако патникот ќе одбере копно, ќе треба да прецизира дали кај јужниот сосед влегува со автобус, автомобил или воз, а потоа да ги пополни личните податоци, име и презиме, пол, возраст вид на документ со кој патува (и број на пасош или лична карта), број на мобилен телефон и мејл.

Доколку патува со автомобил, ќе треба да се внесе и бројот на регистарски таблици, а во формуларот треба точно да се прецизира датумот на влез во Грција, како и граничниот премин.

Следната графа се однесува на податоците за постојано живеалиште (земја, град, улица и сл).

Доколку во изминатите 14 дена лицето престојувало во друга (не транзит) земја треба да го наведе тоа.

Следниот чекор е привремениот престој, односно каде туристот ќе биде сместен во следните 14 дена.

Од податоците што се бараат е да се одбере една од 13-те периферии,  градот и адреса на сместувањето, а опционално е името на хотелот.

Дополнително потребно е да се наведе лице за контакт за итни случаи во следните 30 дена.

Последниот чекор се однесува на оние кои патуваат со деца односно лица под 18 години и се внесуваат потребните податоци

The post Од среда специјален протокол и задолжителен образец и баркод за сите туристи во Грција appeared first on Слободен печат.


Од среда специјален протокол и задолжителен образец и баркод за сите туристи во Грција was first posted on јуни 28, 2020 at 11:10 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....