13.8 C
Скопје
04:01 - 2 мај, 2024

„Њујорк Тајмс”: Пораз на Заев на изборите може да повлече несигурност во земјата и во регионот

Доколку левоцентристичката партија предводена од Зоран Заев загуби на денешните избори во Северна Македонија, тоа би повлекло несигурност не само во земјата, туку и во поширокиот регион на Југоисточна Европа, каде повеќе нерешени прашања се уште се влечат од времето на војните во 90-те години на минатиот век, оценува весникот „Њујорк Тајмс”.

Во анализата во денешното издание на „Њујорк Тајмс” се наведува дека Заев, кој е кандидат со најголеми шанси за победа на парламентарните избори, сторил многу повеќе од она што мнозинството македонски политичари го направиле во изминативе 30 години колку што земјата е независна.

Заев, кој во јануари поднесе оставката на функцијата за да овозможи формирање техничка Влада што ќе ги организира предвремените избори, на Северна Македонија и донесе членство во НАТО и овозможи на земјата да започне постапка за преговори за членство во ЕУ. Тој исто така го реши деценискиот спор со соседна Грција околу употребата на името Македонија, наведува њујоршкиот весник.

Сепак, додава „Њујорк Тајмс”, Заев би можел да ги загуби денешните избори, делумно и поради незадоволството од Договорот со Грција со кој на старото име на земјата – Македонија и е додадена географската одредница „Северна”.

Според весникот, со ваквиот Договор Грција ги прекина блокадите за членство на земјата во НАТО и ЕУ, со увереност дека Скопје повеќе „не негува територијални претензии кон областа во северниот дел на Грција позната како Македонија”.

– Ако не сме стабилни, ако се конфронтираме со соседите и со Албанците внатре во Северна Македонија, земјата се става во голема закана, изјави Заев.

Најголемиот ривал на Заев, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, е против промената на името и тој сака да ревидира не само делови од Договорот со Грција, туку и од Спогодбата со Бугарија, како и на неодамна донесениот закон со кои се зголемени правата на етничките Албанци, кои се четвртина од македонската популација, наведува „Њујорк Тајмс”.

The post „Њујорк Тајмс”: Пораз на Заев на изборите може да повлече несигурност во земјата и во регионот appeared first on Слободен печат.


„Њујорк Тајмс”: Пораз на Заев на изборите може да повлече несигурност во земјата и во регионот was first posted on јули 15, 2020 at 9:17 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....