30.4 C
Скопје
16:24 - 10 јули, 2026

„НИКОГАШ ПОВЕЌЕ“: Герила акција против прислушувањето во Скопје

Повеќе од 20.000 прислушкувани функционери, новинари, судии, обвинители, политичари, верски лица, професори, лекари и граѓани во над 600.000 телефонски разговори. Никогаш повеќе, пишува на банерот што утринава е поставен на градскиот плоштад во Скопје.

Герила акција е потсетува на прислушувањето кое се вршеше од страна на минатата власт во периодот од 2008 – 2015 година.

Фото: МИА

За прислушувањето, Специјалното јавно обвинителство подигна обвинение „Таргет-Тврдина”, каде што беа обвинети ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка Гордана Јанкулоска, началникот на петтата управа, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски и шест други службеници во УБК.

Според СЈО, прислушувањето било извршено во УБК, а незаконски биле следени 5.827 броја и биле прислушувани над 20 илјади граѓани. На голем број новинари и граѓански активисти во 2015 им беа врачени „папки” со нивни прислушувани разговори.

Во 2015 година лидерот на тогашната опозиција Зоран Заев, обелодени дека се прислушувани над 100 новинари.

The post „НИКОГАШ ПОВЕЌЕ“: Герила акција против прислушувањето во Скопје appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....