10.8 C
Скопје
04:42 - 4 мај, 2024

Немало потреба од полиција, 14 бриса се земени од семејството, 200-те присутни на погребот се идентификуваат

Утринава на 14 членови од семејството на покојникот што беше погребан без протокол за Ковид 19 иако посмртниот брис му беше позитивен, им биле земени брисови за испитување на присуство на Сарс Ков 2 односно Ковид 19.

Вчера Министерството за здравство информираше дека со асистенција на полицијата ќе се земаат брисовите, зашто фамилијата одбиваше соработка со епидемиолозите и со здравствените власти.

Сепак, како што изјави за „Слободен печат” директорот на Центарот за јавно здравје Скопје доктор Арбен Зибери, немало потреба за полициска асистенција бидејќи семејството денеска било кооперативно.

-Четиринаесет бриса се земени и немаше потреба од полиција. Сега соработуваат одлично. Немаше никаков проблем, како што ме известија епидемиолозите. Ги кажале контактите, кажале дека ќе бидат дома. Тие што биле на погребот, самите се јавуваат, имаме веќе две три семејства што сами се јавија, а на останатите од 200 те присутни работиме, ни рече Зибери.

Човекот починал во една приватна болница, но позитивниот резултат на коронавирусот пристигнал дури откако погребот бил извршен со верски и народни обичаи, а не по протокол за Ковид. Осуммина здравствени работници од приватната клиника се во изолација поради контакт со пациентот.

Тој додаде дека во последните неколку дена има огромен број на налози за испитување на коронавирусот поради што наместо досегашните три екипи, сега морало да се формираат пет екипи од медицински техничари кои земаат материјали за испитување на коронавирусот на територијата на Скопје.

The post Немало потреба од полиција, 14 бриса се земени од семејството, 200-те присутни на погребот се идентификуваат appeared first on Слободен печат.


Немало потреба од полиција, 14 бриса се земени од семејството, 200-те присутни на погребот се идентификуваат was first posted on мај 31, 2020 at 3:22 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....