Сингапурските научници открија нов вид ковид-19 кој предизвикува поблаги симптоми, покажува новата медицинска студија објавена во угледното списание Лансет.
Експертите во Сингапут, но и во други земји забележале вид на ковид-19 со недостиг на 382 нуклеотиди (∆382) во својот геном и сакале да видат како овој недостаток на нуклеотиди влијае на силината на заразата.
Недостатокот или бришењето на генот (анг. deletion, симбол: Δ) е мутација во која во текот на репликации на ДНК исчезнува дел од хромозомот или секвенца на ДНК.
Научниците утврдиле дека оние болни заразени од новиот вид на САРС-КоВ-2 имале подобри клинички исходи вклучувајќи и помала потреба од интензивна нега, пишува Ројтерс.
Во истражувањето учестувале експерти од различни сингапурски институции, вклучувајќи го и Националниот центар за заразни болести (НЦИД), Медицинскиот факултет Дјук-НУС и Агенцијата за наука, технологија и истражувањее.
„Овие студии даваат први убедливи податоци кои покажуваат како генетската промена (мутација) во САРС-Ков-2 влијае на сериозноста на симптомите кај пациентите“, рече епидемиологот Гевин Смит од Дјук-Нус.
Експертите додадоа дека овие нови наоди би можеле да влијаат на развојот на вакцини, но и врз лекувањето на ковид-19.
Епидемиолозите овој вид коронавирус, кој исто така веројатно пристигнал од Вухан, го откриле во група инфекции кои се случиле меѓу јануари и март 2020 во Сингапур. Се пренесувал од лице на лице во неколу жаришта пред да биде спречен.
Потребата за дополнителен кислород евидентирана е кај 0% од пациенти од видот ∆382, за разлика од 28% кај примарниот вид без забележана мутација. Откако во истражувањето е земена во предвид возраста и општата здравствена состојба на испитаниците, утврдено е дека видот ∆382 е поврзан со поблага инфекција.
Сингапурските научници пишуваат дека варијантите на САРС-КоВ-2 ∆382 првпат се откриени кај тројца кинески државјани кои во Сингапур пристигнале со ист лет од Вухан.
Видот ∆382 е откриен и кај 39 пациенти од три различни жаришта и кај два неповрзани случаи. Во овие случаи внатре во тие три жаришта пациентите биле заразени од видот ∆382, додека во останатите современи жаришта се појавувал само примарен вид без мутации.
Епидемиологот Пол Тамбиа од Националната универзитетска болница во Сингапур, за Ројтерс реќе дека мутациите од вирусот често имаат позитивен исход.
„Вирусите во текот на мутациите стануваат помалку опасни за нашиот организам за да заразат што повеќе луѓе, а притоа да не го усмрти домаќинот од кој зависи поради храна и засолниште“, објасни тој.
The post Научници во Сингапур открија мутиран вид на коронавирус, предизвикува поблаги симптоми на ковид-19 appeared first on Слободен печат.
Научници во Сингапур открија мутиран вид на коронавирус, предизвикува поблаги симптоми на ковид-19 was first posted on август 21, 2020 at 7:15 pm.