18.8 C
Скопје
11:46 - 2 мај, 2024

Џафери: Ќе бидам претседател на сите 120 пратеници, без оглед дали гласале за или против или воопшто не гласале

Талат Џафери по изборот за претседател на Собранието со кој доби уште еден четиригодишен мандат за спикер на законодавниот дом, им се заблагодари на довербата од 62 пратеници кои застнаа зад неговиот избор, но и на пратениците од опозицијата кои, рече, дадоа свој придонес за збогатување на демократската дебата, а кои гласаа против односно воздржано.

-Јас останувам конзистентен на моите ставови дека и во наредниот период ќе бидам претседател на сите 120 пратеници, без оглед дали гласале за или против или воопшто не гласале. Секако, ова ќе биде период на предизвици за парламентарното мнозинство, а и за опозицијата. Сите ние низ дебати ќе треба да го збогатиме демокартскиот парламентарен живот на земјата и да придонесеме едукативно за идните генерации кои ќе дојдат овде во Собранието. Очекувам конструктивни дискусии во законодавниот дом, изјави Џафери по завршувањето на конститутивната седница.

Запрашан во однос на неговата комуникација со медиумите во време на корона вирусот, Џафери рече дека соработка и комуникација ќе има онолку колку што ќе дозволат превентивните мерки  за спречување на ширење на Ковид вирусот, но оти таа нема да недостасува.

-Ќе продолжиме со комуникацијата, ако не целосно  тогаш со изменети методи на комуникација  преку средствата за врски, значи телефоните и другите можности што ги дава техниката,  а можеби преку кабинетот и претставниците од кабинетот. Така што нема да недостасува нашата комуникација онака како што беше воспоставена, порача староновиот претседател на Парламентот.

Џафери воедно се заблагодари на службите во Собранието за подготовка на конститутивната седница и за почитувањето на мерките за заштита од вирусот Ковид-19, но и на здравствените работници во земјава кои секојдневно се справуваат со оваа пандемија.

The post Џафери: Ќе бидам претседател на сите 120 пратеници, без оглед дали гласале за или против или воопшто не гласале appeared first on Слободен печат.


Џафери: Ќе бидам претседател на сите 120 пратеници, без оглед дали гласале за или против или воопшто не гласале was first posted on август 21, 2020 at 7:39 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....