-1.2 C
Скопје
09:49 - 23 декември, 2024

Насилни протести заради полициската бруталност ширум САД

Во повеќе градови и сојузни држави низ САД ноќеска беше бурно, бидејќи имаше насилни протести против полициската бруталност и расизам во Луисвил, во државата Кентаки, во Портланд, во државата  Орегон, Сиетл, во државата Вашингтон и Остин, во државата Тексас , пренесоа утринава британските медиуми.

Во протестите во Остин загина едно лице, а неколку истрели биле испукани во воздухот од голема група вооружени демонстранти, кои повикувале на вооружен одговор кон полицијата.

На снимките објавени на Фејсбук се прикажани неколку членови на групата од стотиците демонстранти кои пукаат во воздухот.

Полицијата во Остин потврди дека едно лице е убиено за време на демонстрациите.

Илјадници луѓе демонстрираа и во Сиетл, главниот град на државата Вашингтон, во северозападниот дел на САД, на најмасовните и насилни протести против полициската бруталност и расизам во последните неколку недели. Полицијата соопшти дека користела солзавец и несмртоносно оружје за привремено да ги неутрализира најагресивните демонстранти, а 25 лица се уапсени.

Во Луисвил, во државата Кентаки, голема група тешко вооружени Афроамериканци протестираа на градските улици барајќи правда за Бренон Тејлор (26), Афроамериканка која беше убиена кога полицијата насилно упадна во нејзиниот стан минатиот март. Тројца полицајци беа отпуштени од работа за ова убиство, но досега никој не е обвинет за смртта на младата медицинска сестра.

На демонстрациите во Портланд, Орегон, во илјадници луѓе се собраа и протестираа низ градските улици, а едно лице е прободено со нож. Полицијата во Портланд синоќа побрутално реагираше во однос на претходниот ден, а со солзавец пукаше кон насилните демонстранти, но според Си-Ен-Ен, голема група демонстранти можеше да се види со транспаренти „Црните животи вредат” како малку подалеку од толпата мирно протестираат низ улиците на главниот град на Орегон.

На протестите се придружија и воените ветерани, здруженија на мајки, ветеринари и други организирани групи.

Вршителот на должноста државен секретар за национална безбедност, Џад Волф, изјави дека шестмина припадници на безбедносните сили се повредени и апелираше до градските власти ширум Америка да „дејствуваат одговорно и да ги санкционираат криминалците кои се насилни кон полицијата и уништувањето на имотите на други луѓе “.

The post Насилни протести заради полициската бруталност ширум САД appeared first on Слободен печат.


Насилни протести заради полициската бруталност ширум САД was first posted on јули 26, 2020 at 9:58 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....